1И дојде слово Господово до мене:
2
3ете, како да си помудар од Даниел; и нема тајна, сокриена од тебе;
4со мудроста своја и со разумот свој ти се здоби со богатство и во своите ризници собра злато и сребро;
5со големата мудрост своја преку трговијата своја ти го зголеми богатството свое,
6затоа, вака вели Господ Бог: — Бидејќи го изедначуваш твојот ум со умот на Бога,
7еве, Јас ќе доведам против тебе туѓинци, највешти меѓу народите, и тие ќе ги извадат своите мечеви против убавината на твојата мудрост и ќе го помрачат твојот блесок;
8тие ќе те турнат во гроб и ќе умреш во срцето на морињата, со насилна смрт.
9Ќе речеш ли тогаш пред твојот убиец: ‚јас сум бог‘, кога во раката на оној што ќе те убива, ти ќе бидеш човек, а не бог?
10Ти ќе умреш од раката на туѓинци со смрт како необрезан; зашто Јас го реков тоа“, така вели Господ.
11И дојде слово Господово до мене:
12„Сине човечки, плачи за тирскиот цар и кажи му: — вака вели Господ Бог: ти си печат на совршенство, полнота на мудроста и венец на убавината.
13
14
15Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше создаден, сѐ додека не се најде во тебе беззаконие.
16Од твојата обилна трговија се исполни со неправда и ти згреши; и Јас те соборив како нечист од Божјата гора, те истерав тебе, херувиме — заштитник, среде огнени камења.
17Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја; затоа Јас те соборив на земја, те предадов на потсмев пред царевите.
18Со многуте гревови свои во неправедната твоја трговија ти ги оскверни твоите светилишта; и Јас пуштив оган пред тебе, да те проголта; и Јас те претворив во пепел на земјата пред очите на сите, што те гледаат.
19Сите, што те знаеја меѓу народите, се згрозуваа над тебе, ти стана за ужас и исчезна засекогаш.“
20
21„Сине човечки, сврти го лицето свое кон Сидон, и пророкувај против него:
22
23И ќе пратам во него помор и крв на улиците негови и ќе паднат среде него убиени од меч, кој ќе ги нападне сите одреда и ќе познаат дека Јас сум Господ.
24
25
26тогаш ќе живеат во неа во мир и ќе си изградат куќи, ќе насадат лозја и ќе живеат во мир, зашто ќе извршам суд над сите наоколу што ги презираа. И тогаш ќе разберат дека Јас сум Господ, Бог нивни.“