1И дојде слово Господово до мене:
2
3Зашто близок е денот, да, близок е денот Господов, денот мрачен; часот на народите иде.
4И ќе тргне меч против Египет и ужас ќе се распространи во Етиопија, кога поразените од Египет ќе паднат, кога ќе го земат богатството негово и кога основите негови ќе бидат разрушени.
5
6
7И тој ќе се запусти меѓу опустошените земји и градовите негови ќе бидат меѓу опустошените градови.
8И ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе го пратам огнот врз Египет и сите негови сили ќе бидат скршени.
9Во оној ден, ќе тргнат од Мене известители со кораби за да ги уплашат безгрижните Етиопјани, и ќе се распространи меѓу нив ужас, како во денот на Египет; зашто, ете, тој иде.
10Така вели Господ Бог: на египетскиот многуброен народ ќе му ставам крај преку раката од Навуходоносор, царот вавилонски.
11
12Ќе ги пресушам реките и ќе ја предадам земјата во рацете на лошите и со раката на туѓинците ќе ја опустошам земјата и сѐ што ја исполнува. Јас, Господ, го реков тоа.“
13Така вели Господ Бог: „Ќе ги истребам идолите и ќе ги уништам лажните богови во Мемфис и во земјата египетска нема повеќе да има принцови, и ќе пратам страв во земјата египетска.
14Ќе го опустошам Патрос, ќе испратам оган во Цоан и ќе извршам суд над Но.
15Ќе ја излијам јароста Своја врз Син, египетската тврдина, и ќе го истребам многубројниот народ во Но.
16Ќе испратам оган врз Египет, ќе затрепери Син и Но ќе биде разрушен. А врз Мемфис ќе нападнат непријателите среде бел ден.
17Младите луѓе од Авен и од Пи-Бесет ќе паднат од меч, а другите ќе бидат одведени во ропство.
18И во Тафнис ќе се помрачи денот, кога таму ќе го скршам јаремот египетски и ќе се прекрати во него неговата горда моќ. Облак ќе го покрие и ќерките негови во ропство ќе отидат;
19така ќе му пресудам на Египет, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“
20Во единаесеттата година, во првиот месец, на седмиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене:
21„Сине човечки, Јас веќе ја скршив раката на фараонот, египетскиот цар, и ете, таа уште не е преврзана, за да биде излекувана, и не е завиткана со лекарски преврски, од кои би добила сила, за да држи меч.
22Затоа, вака вели Господ Бог: еве Јас сум против фараонот, египетскиот цар и ќе ги скршам рацете негови, здравата и искршената, така што мечот ќе му падне од рацете негови.
23Ќе ги растурам Египќаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјите.
24А рацете на вавилонскиот цар ќе ги направам јаки, во раката негова ќе му дадам Свој меч; и рацете на фараонот ќе ги скршам и тој изнаранет ќе офка силно пред него.
25Ќе ги зацврстам рацете на вавилонскиот цар, а рацете на фараонот ќе малаксаат; и ќе познаат дека Јас сум Господ Бог, кога ќе му го дадам мечот Свој во раката на вавилонскиот цар, и тој ќе го потегне врз земјата египетска.
26Ќе ги растурам Египќаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјата, и тие тогаш ќе познаат дека Јас сум Господ.“