1
2„Сине човечки, кажи му на фараонот, египетскиот цар, и на народот негов — со кого се споредуваш ти во твоето величие?
3Ете, Ашур беше кедар леванонски со убави гранки, искитен и висок; врвот негов — меѓу густи облаци.
4Водите го хранеа да расте, бездната го издигаше, реките нејзини го опкружуваа неговиот корен и ги ширеа потоците свои кон сите полски дрвја.
5Затоа височината негова ги надминуваше висините на сите полски дрвја; на него имаше многу гранки; ветките му се умножуваа и гранките стануваа долги од многу вода кога растеше.
6
7Тој се разубавуваше со својот висок раст, со долгите гранки, затоа што коренот му се наоѓаше покрај големи води.
8
9Јас го украсив со многуте гранки, така што сите едемски дрвја во Божјата градина му завидуваа.“
10Затоа, така вели Господ Бог: „Бидејќи израсна висок и се издигна врвот негов меѓу дебелите гранки, и срцето му се возгордеа од неговата големина,
11затоа јас го предадов во рацете на најмоќниот меѓу народите; тој постапи со него како што требаше да постапи; но поради неговото беззаконие Јас го отфрлив.
12И го исекоа туѓинците, најлути меѓу народите, па го соборија; гранките негови паѓаа по горите и по сите долини, се кршеа неговите гранчиња по сите полиња, а од неговата сенка избегаа сите народи од земјата и го оставија.
13На неговото паднато стебло се сместија многу небески птици, а меѓу гранките — секакви полски животни.
14
15
16Се затресоа од неговото паѓање. Јас ги доведов народите во трепет, кога го кутнаа во пеколот, при оние што порано слегнале во гроб, и се зарадуваа во адот сите дрвја едемски, одбраните и најдобрите на Ливан, сите што пијат вода;
17зашто и тие слегоа со него во бездната при убиените со меч, како и неговите сојузници што живееја под сенката негова меѓу народите.
18Па така со кое ли од едемските дрвја се споредуваш ти по слава и величина? Но, сега заедно со едемските дрвја и ти ќе бидеш соборен во бездната, ќе лежиш со необрезаните, меѓу убиени од меч. Тоа е фараонот и сиот негов многуброен народ“, вели Господ Бог.