1И дојде слово Господово до мене:
2„Сине човечки: кажи збор кон синовите на твојот народ и речи им: ако пратам врз некоја земја меч и народот на таа земја меѓу себе избере човек и го постави за стражар,
3и тој, штом ќе го види мечот кој се протега врз земјата, ќе затруби во труба и ќе го предупреди народот,
4
5
6Ако, пак, стражарот го види мечот што доаѓа и не затруби со трубата, така што народот нема да биде предупреден, тоа тогаш, кога ќе дојде мечот и некому ќе му го одземе животот, тој ќе биде погоден заради гревот свој, но крвта негова ќе ја барам од стражарот.
7И тебе, сине човечки, Јас те поставив како стражар на домот Израелов: ти ќе слушаш слово од Мојата уста и ќе ги вразумуваш од Мене.
8Кога ќе му речам на грешникот: ‚грешнику, ти бездруго ќе умреш‘, а ти не му кажеш ништо, не го опоменеш беззаконикот да го остави неговиот пат, грешникот ќе умре за својот грев, но крвта негова ќе ја барам од раката твоја.
9Ако, пак, беззаконикот си го предупредил, да се врати од својот пат, а тој не се одвратил од патот свој, тој ќе умре за својот грев, но ти ќе ја зачуваш душата своја.
10Сине човечки, кажи му на домот Израелов — вие велите: ‚нашите престапи и нашите гревови се врз нас, и ние пропаѓаме во нив, како тогаш можеме да живееме?‘
11
12
13
14А кога ќе му кажам на грешникот: ‚Бездруго ќе умреш‘, и тој се откаже од гревовите свои, па почне да живее по закон и по правда,
15ако тој грешник го врати залогот, го поврати ограбеното, оди по законот на животот и не врши ништо лошо, — тогаш тој ќе живее, нема да умре.
16Ниеден од неговите гревови, што ги извршил нема да му се спомнат; тој почнал да живее по закон и по правда, тој ќе биде жив.
17
18Кога праведникот ќе отстапи од својата праведност и почне да врши беззаконие, тој ќе умре заради тоа.
19Кога, пак, грешникот ќе се поврати од гревот свој и ќе почне да живее по закон и по правда, заради тоа тој ќе остане жив.
20А вие велите: ‚Не е прав патот на Господ!‘ Јас ќе ви судам, доме Израелов, на секого од вас според патиштата негови.“
21
22Но уште пред да дојде пребегнатиот, вечерта беше раката Господова врз мене и Тој ја отвори устата моја, пред да дојде оној утредента кај мене; ми се отвори устата и јас веќе не бев безгласен.
23И дојде слово Господово до мене:
24„Сине човечки, оние што живеат во запустените места на земјата израелска, зборуваат и велат: Авраам беше еден и ја наследи оваа земја; а ние сме многумина, па затоа нам ни е дадена оваа земја да ја владееме.“
25Затоа кажи им — вака вели Господ Бог: „Вие јадете месо со крв, ги кревате очите свои кон идоли и пролевате крв, а сакате да владеете со оваа земја?
26Вие се потпирате на мечот свој, вршите гнасни работи, ја осквернувате жената на својот ближен и сакате да владеете со земјата?
27
28И ќе ја направам земјата пустина над пустините, а гордата моќ нејзина ќе престане, па ќе запустат планините израелски, така што не ќе има кој да минува преку нив.
29И ќе познаат тогаш дека Јас сум Господ, кога ќе ја направам земјата пустина над пустините заради сите нивни гнасни дела, што ги извршиле.
30А за тебе, сине човечки, синовите од твојот народ прикажуваат покрај ѕидовите и пред портите на куќите, и си велат еден на друг, брат на брат: ‚Одете и дознајте какво слово дојде од Господ!‘
31И тие ќе доаѓаат кај тебе како на собрание народно и Мојот народ ќе седи пред лицето твое и ќе ги слуша зборовите твои, но нема да ги извршува; зашто тие од тоа во устата своја си прават шеги, а срцето нивно се управува по нивната лакомост.
32
33А кога ќе дојде тоа, — а, еве, веќе иде, — тогаш ќе познаат дека меѓу нив имало пророк.“