1
2„Сине човечки, изречи пророштво против пастирите израелски, изречи пророштво и кажи им на пастирите — вака вели Господ Бог: тешко на пастирите израелски, кои се пасеа сами себе! Зар пастирите не треба да го пасат стадото свое?
3Вие го јадевте маслото и се облекувавте во волна, колевте угоени овци, а стадото не го пасевте.
4Слаби не поткрепувавте, болни не лекувавте, ранети не преврзувавте, истерани не враќавте и загубени не баравте, а управувавте со нив преку насилие и жестокост.
5
6
7Затоа, о, пастири, чујте го словото Господово:
8
9затоа, пастири, чујте го словото Господово:
10вака вели Господ Бог: еве, Јас сум против пастирите и ќе ги барам овците Свои од рацете нивни, и нема да им дадам повеќе да ги пасат овците, и пастирите нема повеќе да се пасат самите себе, и ќе ги одземам Моите овци од нивните челусти, и тие веќе нема да бидат нивна храна.
11
12
13Ќе ги изведам од народите и ќе ги соберам од земјите, ќе ги доведам во земјата нивна и ќе ги пасам по планините израелски, покрај потоци и по сите места, каде што се живее во таа земја.
14Ќе ги пасам на добро пасиште и ќе имаат свое трло на високите израелски планини; таму во трлото ќе се одмораат добро и ќе пасат на сочно пасиште, по планините израелски.
15Моите овци, Јас ќе ги пасам и ќе ги одморам, вели Господ Бог.
16
17
18Зар малку ви е тоа што пасете на добро пасиште, а другиот дел од пасиштето го газите со своите нозе, и пиете чиста вода, додека остатокот ја матите со нозете свои?
19Па овците Мои треба да го јадат она, што сте го изгазиле вие со нозете свои, и да го пијат она, што сте го изматиле со нозете свои?
20Затоа, вака вели Господ Бог: еве, Јас сам ќе ве судам меѓу овца згоена и овца слаба.
21
22Но Јас ќе ги спасам овците Мои и тие нема веќе да бидат разграбувани, и ќе пресудам меѓу овца и овца.
23
24
25
26
27И дрвјата во полето ќе го даваат својот плод и земјата ќе ги дава своите производи; и тие ќе бидат во безопасност на земјата своја и ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе ги скинам врските на јаремот и ги ослободам од рацете на нивните непријатели.
28Тие нема веќе да бидат плен за народите и полските ѕверови нема да ги јадат; тие ќе живеат спокојно и никој нема да ги заплашува.
29И ќе им приготвам бујна градина, тие нема веќе да умираат од глад на земјата и нема да трпат срам од народите.
30И ќе познаат дека Јас, нивниот Господ Бог, сум со нив и дека тие, домот Израелов, се Мој народ, вели Господ Бог,
31и дека сте вие Мои овци, овци на Моето стадо; вие сте луѓе, а Јас сум вашиот Бог,“ вели Господ Бог.