Езекиел 35:1-15 MKDB2006 - Bible AI

1И дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон планината Сеир, изречи против неа пророштво.

3И кажи ѝ: Вака вели Господ Бог — еве, Јас сум против тебе, планино Сеир, ќе ја протегнам против тебе раката Своја и ќе те направам пуста и ненаселена.

4Градовите твои ќе ги претворам во урнатини и ти самата ќе запустиш и ќе познаеш дека Јас сум Господ.

5Бидејќи во тебе има вечно непријателство и синовите Израелови ги предаваше на меч во време на нивните маки, дури и при крајот на нивните беззаконија.

6Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог, бидејќи со крв си згрешила и крвта ќе те прогони; те гонам; бидејќи крвопролевање не си мразела, затоа крвта ќе те гони.

7Планината Сеир ќе ја направам пуста и степа без живот, и ќе истребам во неа — и човек што доаѓа и човек што си оди.

8И ќе ги наполнам идолските све­тилишта со нејзините убиени; по твоите ридишта и по твоите долини и по сите твои полиња ќе паѓаат поразени од меч.

9Ќе те направам вечна пустина и во твоите градови ќе нема живот, па ќе познаеш дека Јас сум Господ.

10Бидејќи ти велеше — овие два народа и овие две земји ќе бидат мои и ние ќе владееме со нив, иако е Господ таму.

11Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог; ќе постапам со тебе според мерката на твојата омраза и твојата завист, што ја искажуваше од омразата кон нив, и ќе им се јавам кога ќе ти судам.

12И ќе познаеш дека Јас, Господ, ги чув сите твои навреди што ги иска­жуваше против планините израелски, велејќи: ‚запустеа, нам ни се дадени за храна!‘

13Вие се гордеете пред Мене со јазикот свој и ги умножувате зборовите свои против Мене; Јас го чув тоа.

14Така вели Господ Бог: кога целата земја ќе се радува, Јас ќе те направам пустина.

15Како што се радуваше, што делот од Израеловиот дом запусти, така ќе направам и со тебе — ќе бидеш опустошена, планино Сеир, и цел Едом за­ед­но со тебе, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>