1А ти сине човечки, искажи пророштво за планините израелски и кажи: „Планини израелски, чујте го словото Господово.
2
3затоа изречи пророштво и кажи: така вели Господ Бог — токму поради тоа, што ве опустошуваат и ве грабаат од сите страни, за да станете сопственост на други народи, и да се изложите на срам и поруга,
4затоа, планини израелски, чујте го словото од Господ Бог — вака им вели Господ Бог на планините и на ридовите, на долиштата и долините и на запустените урнатини и напуштените градови, кои станаа грабеж и подбив за другите околни народи;
5затоа така вели Господ Бог: во Својата пламена ревност изреков слово против други народи и против сиот Едом, кои си ја определија земјата Моја за сопственост и си ја присвоија како плен со срдечна радост и со презир во душата,
6затоа изречи пророштво за земјата израелска и кажи им на планините и ридовите, на долиштата и на долините — вака вели Господ Бог: еве, Јас го реков тоа во ревноста Своја и во јароста Своја, зашто вие носите на себе потсмев од народите.
7Затоа, така вели Господ Бог: Јас ја кренав раката своја со клетва дека народите што се околу вас, тие самите ќе го понесат својот срам.
8
9Зашто, еве, кон вас се обраќам, и вие ќе бидете обработувани и засејувани.
10
11
12Ќе доведам кај вас луѓе, народ Мој Израел, и тие ќе владеат со вас. Ти, земјо, ќе бидеш нивно наследство и кај нив ќе нема веќе бездетни луѓе.
13
14затоа, веќе нема да ги јадеш луѓето и во иднина нема да создаваш бездетен народ, вели Господ Бог.
15И нема веќе да слушаш потсмев од народите и нема веќе да трпиш врз себе хули од племињата, и во иднина нема веќе да ги правиш луѓето да се без деца,“ вели Господ Бог.
16И дојде слово Господово до мене:
17
18
19Ги распрснав меѓу народите и тие се расеани по земјите, ги судев според нивните патишта и според нивните гревови.
20
21Зажалив заради името Мое свето, што домот Израелов го оскверни кај народите, каде што отидоа.
22
23
24Ќе ве земам откај народите, ќе ве соберам од сите страни и ќе ве доведам во вашата земја.
25
26
27
28И ќе живеете во земјата, што им ја дадов на предците ваши, и ќе бидете Мој народ и Јас ќе бидам ваш Бог.
29
30
31Тогаш ќе се сетите за своите лоши патишта и за своите лоши дела, па ќе почувствувате одвратност од самите себе за гревовите свои и за лошите престапи.
32Тоа ќе го направам, не заради вас, вели Господ Бог, туку да ви биде јасно — црвенејте и срамувајте се од вашите патишта, доме Израелов.“
33Така вели Господ Бог: „Во оној ден, кога ќе ве очистам од сите ваши беззаконија, и ќе ве населам во градовите и ќе бидат обновени урнатините;
34и опустошената земја што беше пустина во очите на секој минувач, ќе биде обработена,
35тогаш ќе речат: ‚оваа запустена земја стана како Едемската градина и запустените и разорени градови се зацврстија и населија.‘
36Па ќе познаат народите што ќе останат околу вас дека Јас, Господ, одново изградувам разрушено, засадувам запустено. Јас Господ го реков тоа и го извршив.“
37Така вели Господ Бог: „Еве, уште и во ова ќе ја покажам милоста Своја кон домот Израелов, ќе го намножам со луѓе како стадо.
38Како што има многу жртвени овци во Ерусалим за време на празниците, така ќе бидат полни со луѓе запустените градови и ќе познаат дека Јас сум Господ.“