1„А ти, сине човечки, земи една тула и стави ја пред себе и нацртај го на неа Ерусалим;
2и постави опсада околу него, направи тврдина кон него, направи и насипи околу него, постави логор против него и нареди наоколу спроти него машини за уривање ѕидови.
3Потоа земи железна плоча и постави ја како железен ѕид меѓу себе и градот, па сврти го лицето свое спроти градот и тој ќе биде опседнат, опседнувај го ти. И тоа ќе биде знак за домот Израелов.
4Ти, пак, легни на својата лева страна и стави го врз неа беззаконието на домот Израелов; според бројот на деновите, — сто и педесет — во кои ќе лежиш врз неа, толку ќе го носиш беззаконието нивно.
5А Јас ти ги определив годините на беззаконието нивно според бројот на деновите; триста и деведесет денови ќе го носиш беззаконието на домот Израелов.
6
7Па сврти го лицето свое и мишката на својата десна страна кон опсадениот Ерусалим, и пророкувај против него.
8Ете, Јас поставив врз тебе окови, и ти не ќе можеш да се свртиш од едната страна на другата, додека не ги исполниш деновите на твојата опсада.
9Земи си пченица и јачмен, боб и леќа, просо и 'рж, и сипи ги во еден сад и направи си од нив лебови, според бројот на деновите, кога ќе лежиш на страната своја, триста и деведесет денови ќе ги јадеш.
10И јадењата, со кои ќе се храниш, јади ги со мерка, по дваесет шекели на ден; одвреме навреме јади го тоа.
11И вода пиј со мерка, по шестина од ин; одвреме навреме пиј.
12
13
14
15И ми рече Тој: „Ти дозволувам место човечко ѓубре, земи говедско ѓубре, и на него печи го лебот свој.“
16
17