Езекиел 41:1-26 MKDB2006 - Bible AI

1Потоа ме воведе во храмот и ги измери столбовите: по шест лак­ти широки од едната страна и по шест лакти широки од другата страна, колку што беше широка скинијата.

2Вратите беа широки по десет лакти, а страните на вратите по пет лакти од едната и по пет лакти од другата стра­на, а должината на храмот четириесет лакти, додека широчината му беше дванаесет лакти.

3И влезе внатре, па ги измери столбовите покрај вратите — по два лакта, и вратите — по шест лакти, додека широ­чината на вратата е седум лакти.

4Го измери храмот — дваесет лакти надолж и дваесет лакти широк, па ми рече — тоа е Светињата над светињите.

5Го измери ѕидот на храмот — шест лакти, а широчината на собите околу храмот — по четири лакти.

6Странични соби имаше триесет и три, соба под соба: тие се наоѓаа во ѕи­дот, што беше околу храмот што беше врска со него, но не се допираа до ѕидо­вите на самиот храм.

7И храмот сѐ повеќе се ширеше нао­колу над станичните соби, зашто кругот негов се издигаше сѐ погоре и погоре наоколу, па затоа храмот беше многу поширок горе, зашто искачувањето од долниот кат сѐ до горниот, минуваше преку средниот.

8И го видов врвот на храмот наоколу; неговите странични соби во својата ос­нова имаа мерка — една трска; шест полни лакти.

9Ширината на ѕидот од страничните соби, што се издаваа надвор — пет лакти, а по страничните соби на храмот постоеше слободен простор.

10И меѓу собите имаше растојание — по дваесет лакти околу целиот храм.

11Вратите на страничните соби водеа во слободниот простор, една врата кон северната страна, а другата врата кон јужната страна; широчината на тој слободен простор беше пет лакти наоколу.

12Зградата пред плоштадот од западната страна беше широка седумдесет лакти; ѕидот на таа зграда пет лакти широк наоколу, а долг беше деветнаесет лакти.

13Го измери тој храмот — сто лакти должина, а плоштадот и одделенијата и страните нивни, исто така со должина од сто лакти.

14И ширината на храмот откај предната страна на плоштадот кон исток — пак сто лакти.

15Потоа ја измери должината на зградата пред плоштадот од задната страна со страничните одделенија од едната и од другата страна — по сто лакти, од внатрешноста на храмот и тремовите на дворот.

16Праговите, прозорците решетчести и страничните соби наоколу, на сите три ката спроти праговите беа обложе­ни со дрво од подот до прозорците; прозорците беа затворени.

17Од горниот дел на вратата како од­внатре на храмот така и однадвор и по целиот ѕид наоколу, одвнатре и однадвор, имаше фигури резбарени;

18беа направени херувими и палми: палма меѓу двата херувима и кај секој херувим — по две лица.

19Од едната страна кон палмата има­ше свртено човечко лице, а од другата страна кон палмата — лице лавовско: така беше направено по целиот храм наоколу.

20Од подот до врвот на вратата имаше направено херувими и палми, а исто и по ѕидовите на храмот.

21Во храмот имаше четириаголни до­вратници, а и на светилиштето исто така довратници слични какви што сум видел.

22Жртвеникот беше дрвен — три лакти висок и два лакти долг; и аглите негови и подножјата негови и страните негови беа од дрво; па ми рече тој — тоа е трпезата што е пред Господ.

23Во храмот и во светилиштето има­ше по две врати.

24Вратите имаа по две крила; и двете крила беа подвижни — по две крила кај едната врата и по две крила кај другата врата;

25на тие врати беа направени херувими и палми, исто така изработени какви што беа по ѕидовите; а пред тремот однадвор имаше дрвен под.

26А решетчести прозорци и палми имаше од едната страна и од другата страна по страните на тремот и на околните храмови соби, а и по гредите.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>