1
2Ме изведе низ северната врата и однадвор ме поведе кон надворешната врата, по патот, свртен кон исток, каде што водата течеше од десната страна.
3Кога тој човек појде кон исток, во раката држеше јаже; тогаш тој измери илјада лакти и ме поведе преку водата; водата беше длабока до глуждовите.
4Потоа измери уште илјада лакти и пак ме преведе преку водата; водата беше длабока до колена. Измери уште илјада лакти и ме преведе преку водата: водата беше длабока до појасот.
5
6Па ми рече: „Виде ли, сине човечки?“ Потоа ме поведе назад кон брегот на реката.
7А кога се вратив назад, таму, пак, на бреговите од едната и од другата страна имаше многу дрвја.
8И ми рече: „Оваа вода тече кон источниот дел на земјата, се спушта во Арава и потоа ќе се влива во морето; и водите на реката ќе бидат здрави.
9
10
11Мочуриштата и барите негови, нема да станат здрави, тие ќе бидат оставени за сол.
12
13
14Па наследете ја, како едниот, така и другиот; зашто Јас, кога ја кренав раката, се заколнав дека ќе им ја дадам на татковците ваши, и таа земја ќе ви биде наследство.
15А еве ја границата на земјата: од север, почнувајќи од Големото Море, преку Хетлон до Хамат, по патот за Цедад,
16Берот, Сивраим, што се наоѓа меѓу областа на Дамаск, и Хамат, Хацер-Тикон, кој се наоѓа на Хауранската граница.
17И границата од морето ќе биде до Хацар-Енан, границата со Дамаск и понатаму на север сѐ до областа Хамат: тоа ќе биде северниот крај.
18Од источната страна повлечете црта меѓу Хауран и Дамаск, меѓу Галаад и земјата израелска, по реката Јордан сѐ до морето источно: тоа е источната граница.
19А од јужната граница кон југ од Тамара до водата на Мерива во Кадис, сѐ по должината на потокот до Големото Море: тоа е јужната граница.
20Западната граница ќе биде Големото Море, од југ до местото спроти Емат: тоа е западната граница.
21Разделете си ја таа земја на делови според Израеловите колена.
22
23Кај чие колено живее доселеник, кај него дајте му и негово наследство“, вели Господ Бог.