Езекиел 5:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1„А ти, сине човечки, земи си остар нож, како берберски брич, па мини го преку главата своја и брадата, и земи мерила, и раздели ја косата на делови.

2Едната третина изгори ја на оган среде градот, кога ќе се завршат де­новите на опсадата; втората третина земи ја и исечи ја со нож по околината на градот; а третата третина развеј ја на ветар; Јас, пак, ќе го извлечам мечот по нив.

3И земи од тоа, па врзи го тоа во полите од својата облека.

4Но од тоа земи пак малку и фрли го во оган, и изгори го во огнот. Оттаму ќе излезе оган врз целиот дом Израелов.

5Така вели Господ Бог: тоа е Еру­салим. Јас го поставив среде народи, и го опкружив со земји.

6А тој стана против наредбите Мои понечесно од незнабошците, и против Моите повелби — полошо отколку зем­јите околу него; зашто тие ги отфрлија наредбите Мои и не постапуваат според повелбите Мои.“

7Затоа вака вели Господ Бог: „Биде­јќи вие ги намноживте гревовите свои повеќе од незнабошците, кои се околу вас, по Моите уредби не одите и наредбите Мои не ги извршувате, и не одите дури ни според уредбите на незна­бошците, кои се околу вас.“

8Затоа, вака вели Господ Бог: „Ете, и Јас сум против тебе, јас Самиот, и ќе извршам среде тебе суд пред очите на незнабошците.

9Па поради сите твои одвратности, ќе ти направам тебе, како што никогаш не сум направил, а нема и во иднина да направам.

10Затоа таковците ќе ги јадат сино­вите свои среде тебе, а и синовите ќе ги јадат татковците свои; и ќе извршам над тебе суд, и сиот твој остаток ќе го раз­веам по сите ветрови.

11Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог: бидејќи ти го оскверни Моето све­тилиште со сите твои одвратности и со сите твои гадотии, Јас ќе те смалам, и Моето око нема веќе да те пожали, и Јас нема да се смилувам над тебе.

12Една третина од тебе, од помор ќе изумре и од глад ќе загине среде тебе; втората третина од меч ќе падне во твојата околина; а третината ќе ја развеам од сите ветрови, и ќе го извлечам мечот по нив.

13Така ќе се исполни Мојот гнев, и ќе ја истурам Својата јарост над нив, и ќе се задоволам; и кога ќе се излее јароста Моја врз нив, тогаш ќе разберат дека Јас, Господ, сум им зборувал во ревноста Своја.

14Ќе те претворам во пустина и за поруга меѓу народите, кои се околу те­бе, пред очите на секој минувач.

15Ќе бидеш за потсмев и за поруга, за срам и ужас кај народите што се околу тебе, кога ќе го извршам над тебе судот во гнев и јарост, и преку јаросни порази — Јас Господ го говорев тоа,

16и кога ќе пратам врз нив лути стрели на глад, што ќе истребува, кога ќе ги пратам за ваша погибел и за засилување на гладот кај вас, и ќе ја уништам лебната поткрепа кај вас.

17А ќе пратам врз тебе глад и лути ѕверови, кои ќе те лишат од децата; и помор и крв ќе мине преку тебе, ќе испратам меч врз тебе; Јас, Господ го кажав ова.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>