1И дојде слово Господово до мене:
2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон горите Израелови и пророкувај против нив,
3и кажи — планини израелски, чујте го словото на Господ Бог. Вака им вели Господ Бог на горите и на ридовите, на долините и на долиштата: ‚Еве, Јас ќе испратам меч врз вас, и ќе ги кутнам вашите идолски светилишта;
4
5ќе ги поставам труповите на синовите Израелови пред нивните идоли, и ќе ги расфрлам коските ваши околу вашите жртвеници.
6
7Меѓу вас ќе има убиени, и ќе разберете дека Јас сум Господ.
8Но Јас ќе го запазам остатокот, така што меѓу народите ќе останат од вас што избегнале меч, кога ќе бидете расеани по земјите.
9
10и ќе разберат дека Јас сум Господ; и дека не залудо зборував дека врз нив ќе испратам таква беда.‘“
11Вака вели Господ Бог: „Плесни со рацете свои, тропни со ногата своја — тешко за сите поради одвратните злодела на домот Израелов; ќе паднат тие од меч, глад и помор.
12
13
14И ќе ја протегнам врз нив раката Своја и ќе ја направам земјата пустина и степа од пустината на југ до градот Дивла на север, насекаде, каде што живеат, и ќе познаат дека Јас сум Господ.“