Езекиел 8:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1Во шестата година, во шестиот месец, на петтиот ден од месецот, седев дома, и старешините јудејски седеа пред Мене, и се спушти таму врз мене раката од Господ Бог.

2И погледнав; а тоа подобие на маж слично на оган, и од крстот надолу оган, а од крстот негов угоре — некаква светлина слична на светлина од пламен.

3И како да ја протегна раката своја и ме фати за косата на главата моја, и духот ме подигна меѓу земјата и небото и ме поведе во Божји виденија во Еру­салим, при влезот на внатрешната вра­та, свртена кон север каде што беше поставен идолот на љубомората, кој по­будува љубомора.

4И, ете, таму беше славата на Бог Израелов, слична на онаа каква што видов во полето.

5И ми рече: „Сине човечки, подигни ги очите свои кон север!“ Ги подигнав очите свои кон север, а од северната страна кај вратата на жртвеникот, пред влезот нејзин беше идолот на љубомората.

6И ми рече Тој: „Сине човечки, гле­даш ли што прават; ги гледаш ли го­лемите гадотии, што се вршат тука во домот Израелов, за да се оддалечат од Моето светилиште? Но сврти се, и ќе видиш уште поголеми одвратности.“

7И ме доведе кај влезот во дворот, па погледав, а таму дупка во ѕидот.

8И ми рече: „Сине човечки, копни во ѕидот.“ Јас копнав во ѕидот и ете таму видов некаква врата.

9И пак ми рече: „Влези и види одвратни гадотии што се вршат таму.“

10Влегов и гледам, а тоа секакви сли­ки на животни што се влечат, и нечисти животни, и секакви идоли, во домот Израелов, насликани по ѕидовите нао­колу.

11И седумдесетмина мажи од старе­шините на домот Израелов стојат пред нив, а Јаазанјаху, синот Сафанов, поме­ѓу нив; и кај секого од нив во раката — кадилница, и густ облак од кадиво се издигаше угоре.

12И ми рече: „Гледаш ли, сине човеч­ки, што прават во темнина старе­шините на домот Израелов, секој во својата изнашарена соба, зашто велат: ‚Не нѐ гледа Господ, Господ ја остави оваа земја.‘“

13И пак ми рече: „Сврти се и ќе ви­диш уште поголеми гадотии, што ги прават тие.“

14И ме доведе до влезот на вратата од домот Господов, кој е кон север, и ете, таму седат жени, што го оплакуваа Тамуз,

15и ми рече: „Гледаш ли, сине чо­вечки, сврти се и ќе видиш уште пого­леми гадотии.“

16Па ме воведе во внатрешниот двор на домот Господов, а таму пред вратата на храмот Господов, меѓу тремот и жртвеникот, до дваесет и пет мажи стојат со грбот кон храмот Господов, а со лицето кон исток и се поклонуваат на сонцето кон исток.

17И ми рече: „Гледаш ли, сине човеч­ки. Малку ли е тоа за домот Јудин, да вршат такви гадотии, какви што се вршат овде? Но тие и земјата ја наполнија со бесчестие, и двојно Ме разгневуваат, и, ете, тие принесуваат гранки под носевите свои.

18Затоа и Јас ќе почнам да дејствувам со јароста; окото Мое нема да зажали и нема да се смилува; па макар тие да викаат со силен глас на ушите Мои — нема да ги чујам.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>