Еремија 1:1-19 MKDB2006 - Bible AI

1ⓐЗборови на Еремија, — син на Хелкија, еден од свештениците кој жи­вееше во Анатот, во земјата Венијами­нова, —

2кому му беше упатено слово Госпо­дово во времето на Јошија, син на јудеј­скиот цар Амон, во тринаесеттата го­дина од царувањето негово,

3ⓑа и во деновите на Јоаким, синот на јудејскиот цар Јошија, до крајот на единаесеттата година од царувањето на Седекија, син на јудејскиот цар Јошија, до поробувањето на Ерусалим во петтиот месец.

4И ми беше упатено слово Господово:

5ⓒ„Пред да те обликувам во утробата, Јас те познавав, и пред да излезеш од утробата, те посветив: те поставив за пророк на народите.“

6Јас, пак, одговорив: „О, Господи Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад.“

7ⓓНо Господ ми рече: „Не вели: — млад сум; — зашто до сите до кои ќе те испра­там ќе одиш и сѐ што ќе ти заповедам ќе кажеш.

8ⓔНе плаши се од нив; зашто Јас сум со тебе, за да те избавам“, рече Господ.

9ⓕИ ја протегна Господ раката и се допре до устата моја; и ми рече Господ: „Ете, Јас ги ставив Моите зборови во устата твоја.

10ⓖГледај, Јас те поставив денес над народи и царства, за да искоренуваш и разурнуваш, да погубуваш и да разру­шуваш, да ѕидаш и да насадуваш.“

11ⓗИ пак беше упатено слово Госпо­дово до мене: „Што гледаш, Еремија?“ Одговорив: „Гледам гранка од бадемово дрво.“

12ⓘГоспод ми рече: „Добро гледаш, за­што Јас бдеам над Моето слово, за да се изврши.“

13И по вторпат беше упатено слово Господово кон мене: „Што гледаш?“ Одговорив: „Гледам котел што врие, а отворот му е кон север.“

14И ми рече Господ: „Од север ќе букне злото врз сите луѓе што живеат на земјата.

15ⓙЗашто, ете, Јас ќе ги свикам сите племиња на северните царства — вели Господ — и тие ќе дојдат, и секој ќе го постави престолот свој при влезот на ерусалимските порти, околу сите ѕидишта негови и во сите јудејски градови.

16ⓚИ ќе го изречам судот Свој врз нив за сите нивни беззаконија, затоа што Ме оставија и кадеа темјан на други богови и им се поклонуваа на идоли, дела од нивните раце.

17ⓛА ти препаши ги бедрата свои и стани, та кажи им сѐ што ќе ти запо­ведам; не треси се пред нив, за да не те стресам Јас пред очите нивни.

18ⓜИ ете, Јас те поставив денес како утврден град, како железен столб и ка­ко бронзен ѕид против сите цареви Јудини и кнезовите на целата таа земја, против свештениците негови и против народот на таа земја.

19ⓝТие ќе војуваат против тебе, но нема да те победат; зашто Јас сум со тебе, за да те избавувам“ — вели Господ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>