Еремија 10:1-25 MKDB2006 - Bible AI

1Слушајте го словото, кое Господ ви го кажува, доме Израелов!

2Вака вели Господ: не одете по патот на незнабошците и не плашете се од небесните знаци, од кои се плашат не­знабошците.

3Бидејќи обичаите на тие народи се суетни: отсекуваат дрво во гората, го изделкуваат човечки раце,

4го украсуваат со сребро и злато, го прицврстуваат со клинови и со чекан за да не се ниша.

5Нивните богови се како плашила во градина и не говорат; нив ги носат, за­што не можат да одат. Не плашете се од нив, зашто тие не можат да направат зло, но и добро не можат да направат.

6Нема сличен на Тебе, Господи! Ти си велик и името Твое е велико и моќ­но!

7Кој не ќе се плаши од Тебе, Царе над народите, зашто само Тебе Ти припаѓа тоа; бидејќи меѓу сите мудреци кај народите и во сите царства нема сличен на Тебе.

8Сите тие до еден се неразумни и глупави; суетно е од дрво да учиш!

9Сребро ковано во листови се носи од Тарсис, злато од Уфаз, тие се дело на мајстор и на леар; облеклото нивно е од порфир и кадифе; сето тоа е дело на вешти луѓе.

10А Господ е вистински Бог. Тој е жив Бог и вечен Цар. Од Неговиот гнев трепери земјата, и народите не можат да го издржат Неговиот гнев.

11Така речете им: боговите, кои не се створители на небото и на земјата, ќе исчезнат од земјата и од под небесата.

12Тој ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата.

13Од гласот Негов шумат водите небески, и Тој ги крева облаците од краиштата земни, создава молскавици среде дожд и изведува ветар од Него­вото пребивалиште.

14Човекот е безумен во своето знае­ње, ќе се засрами секој леар со идолот свој, бидејќи она што го излеал е лага, и во него нема дух.

15Тие се ништожни, дела на заблуда; во времето на посетата нивна тие ќе пропаднат.

16Делот на Јаков не е како нивниот; бидејќи неговиот Бог е создател на сѐ, а Израел е народ на неговото наследство; името Му е Господ Саваот.

17Прибери си го имотот свој од земјата, кој седи во опсада.

18Зашто вака вели Господ: еве, овој пат ќе ги исфрлам жителите од оваа земја и ќе ги одведам во тесно место, за да ги фатат.

19Тешко мене во маката моја; лута е раната моја, но јас си велам — „Навис­тина тоа е мојата казна и морам да ја поднесувам;

20шаторот ми е опустошен и сите мои врвци се скинати; децата мои ме оставија и ги нема: нема веќе кој да го распне шаторот мој и да ги постави завесите мои;

21бидејќи пастирите станаа безумни и не Го бараат Господа, па затоа и немаат напредок, така што целото стадо им се распрсна.“

22Ете, се слуша глас и голема врева од северната страна за да ги направи градовите на Јудеја пустина, живеалиш­те на чакали.

23Знам, Господи дека патот на чове­кот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди да ги исправа стапките свои.

24Казни ме Господи, но со мерка, не во гневот Свој, за да не ме сотреш.

25Излеј ја јароста Своја врз народите кои не Те познаваат, и врз племињата, што не го призовуваат името Твое; за­што тие го изедоа Јаков, го проголтаа и го истребија и живеалиштето му го опустошија.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>