1Слово Господово до Еремија:
2Чујте ги зборовите на овој завет и кажете им на луѓето од Јудеја и на ерусалимските жители;
3
4
5
6И ми рече Господ: објави ги сите овие зборови по градовите на Јуда и по ерусалимските улици, и речи: слушајте ги зборовите на овој завет и исполнувајте ги.
7Зашто Јас постојано им напомнував на предците ваши од оној ден, кога ги изведов од египетската земја, па сѐ до денес; и им зборував од рано утро, велејќи: слушајте го гласот Мој.
8Но тие не слушаа и не внимаваа, туку одеа секој според тврдокорноста на своето лошо срце; затоа испратив врз нив сѐ што е речено во овој завет, кој им го заповедав да го исполнуваат, но тие не го исполнуваа.
9И ми рече Господ: има бунт меѓу луѓето на Јуда и жителите на Ерусалим;
10тие се вратија кон беззаконијата на своите прадедовци, кои се откажаа да ги слушаат зборовите Мои, па тргнаа по туѓи богови, за да им служат. Домот на Јуда и домот на Израел го нарушија Мојот завет, што го бев склучил со татковците нивни.
11
12Тогаш градовите на Јуда и жителите на Ерусалим ќе појдат и ќе повикаат кон боговите, на кои им кадат; но тие нема да им помогнат во времето на неволјата.
13Зашто, колку градови имаш, Јудо, толку имаш и богови, и колку улици има во Ерусалим, толку жртвеници подигнавте на она што е срамно, жртвеници за кадење на Ваал.
14
15
16
17Господ Саваот, Кој те посади, пресуди за тебе зло поради злото на домот Израелов и на домот Јудин, што го направија со тоа што Ме разгневија со кадењето свое на Ваал.
18Господ ми откри, и јас знам; ти ми ги покажа нивните зли дела.
19
20
21Затоа така вели Господ, за луѓето од Анатот, кои сакаат да ја одземат душата твоја и кои велат: не пророкувај во името на Господ, за да не умреш од рацете наши;
22поради тоа вака вели Господ Саваот: еве, Јас ќе ги посетам; младите нивни ќе умрат од меч; синовите и ќерките нивни ќе умрат од глад.
23