1ⓠПраведен си Ти, Господи, зар би се спорел со Тебе; но ќе проговорам за судовите Твои. Зошто патот на безбожниците е успешен и зошто подлите живеат во мир?
2ⓡТи ги посади, и тие се вкоренија и израснаа, па и плод даваат; во устата нивна Ти си близок, но далеку си од срцето нивно.
3ⓢА мене, Господи, Ти ме познаваш, Ти ме гледаш и го испитуваш срцето мое — тоа е со Тебе. Одвои ги како овци за клање и приготви ги за денот, кога ќе бидат убиени.
4ⓣДо кога ќе тагува земјата, и ќе се суши тревата по сите полиња? Добитокот и птиците гинат поради беззаконијата на жителите нејзини; зашто велат: Тој нема да види што ќе правиме ние.
5Кога трчаше со пешаците и тие те изморија, како можеш тогаш да се натпреваруваш со коњи? И ако не беше спокоен во мирна земја, што ли ќе правиш, кога ќе надојде Јордан?
6ⓤЗашто и браќата твои, и домот на таткото твој, те оговараат и зад твојот грб те оцрнуваат! Не верувај им и кога зборуваат добро за Тебе!
7Јас го оставив Мојот дом, го напуштив наследството Свое; најмилото на душата Моја го предадов во рацете на непријателите негови.
8Моето наследство стана за Мене како лав во гора: крена глас против Мене — затоа го замразив.
9ⓥНаследството Мое стана како птица шарена, врз која од сите страни се нафрлуваат други грабливи птици. Одете, собирајте се сите полски ѕверови, одете да го изедете.
10Многу пастири го растурија Моето лозје, го изгазија со нозе делот Мој: Мојот драг дел го направија гола пустелија, —
11ⓦго направија пустина, и тој запусте, плаче пред Мене; целата земја ја опустошија, но никој не го зема тоа при срце.
12ⓧПо сите гори во пустината дојдоа пустошници, зашто мечот Господов уништи сѐ, од едниот крај на земјата до другиот: нема мир за ниедно суштество.
13ⓨТие сееја пченица, а жнееја трње; се мачеа и никаква полза не добиваа; засрамете се за трудот свој поради пламениот гнев на Господ.
14ⓩТака вели Господ за сите мои лоши соседи, кои го напаѓаа наследството што му го дадов на Мојот народ Израел: еве, Јас ќе ги откорнам од земјата и домот Јудин ќе го истргнам од неговата средина.
15Но, откако ќе ги истргнам, пак ќе ги вратам и ќе ги помилувам, и секого ќе го доведам во неговиот дел и секого — во земјата негова.
16ⓐПа, ако ги научат патиштата на Мојот народ, за да се колнат во Мое име, велејќи: „Жив Господ“, како што тие го научија народот Мој да се колне во Ваал, ќе се населат меѓу Мојот народ.
17Ако, пак, не послушаат, ќе ги искоренам и наполно ќе истребам таков народ, вели Господ.