1И беше упатено слово Господово до мене:
2
3Зашто вака вели Господ за синовите и ќерките, што ќе се родат во ова место, и за мајките нивни, што ќе ги родат и за татковците нивни, што ќе ги добијат во оваа земја:
4
5Зашто така вели Господ: не влегувај во дом на оној, кој тагува и не оди да плачеш и да жалиш со него; зашто Јас го одзедов од тој народ Својот мир, милоста и сожалувањето, вели Господ.
6
7За оној што е во жалост нема да се прекршува леб за да биде утешен поради умрениот; и нема да му подадат чаша поради смртта на неговиот татко и неговата мајка.
8Не влегувај исто така и во куќа за веселба, да седиш таму со нив, за да јадеш и да пиеш;
9
10
11Тогаш речи им: поради тоа што вашите татковци Ме оставија, вели Господ, и тргнаа по други богови, ним им служеа и им се поклонуваа, а Мене Ме оставија, и законот Мој не го пазеа.
12А вие постапувавте уште полошо од татковците ваши и секој од вас живее според своето закоравено зло срце, за да не Ме слушате.
13
14Затоа, ете, идат дни, вели Господ, кога нема веќе да се вели: „Жив е Господ, Кој ги изведе синовите Израелови од египетската земја“,
15
16
17
18и двојно ќе им платам за нивната неправда и за нивниот грев, зашто ја осквернија земјата Моја, со труповите на стрвината своја и со гнасотија го исполнија наследството Мое.
19
20Може ли човек да си направи богови? Тоа не се никакви богови!
21Затоа, еве, Јас сега ќе ги научам, ќе им ја покажам Својата рака и силата Своја, па ќе познаат дека името Мое е Јахве.