Еремија 17:1-27 MKDB2006 - Bible AI

1Гревот на Јуда е напишан со железно длето, со врв од дијамант е врежан врз плочите на срцето нивно и врз роговите на нивните жртвеници,

2та синовите нивни да се сеќаваат на нивните жртвеници и на нивните свети­лишта покрај зелените дрвја, на високи ридови.

3Мојата гора во полето, имотот твој, и сите твои драгоцености ќе ги преда­дам на разграбување, и твоите идолски светилишта — за твоите гревови во сите твои предели.

4И самиот ти ќе се лишиш од наследството свое, што ти го бев дал, и ќе те пратам во ропство кај твоите непријатели, во земја што ти не ја познаваш, зашто вие го разгоревте огнот на Мојот гнев, кој ќе гори вечно.

5Така вели Господ: проклет да е чо­векот кој се надева на човек и кој телото го смета за своја крепост и чие срце се одвраќа од Господ.

6Тој ќе биде како троскот во пустина и нема да види кога ќе дојде доброто, па ќе се насели во топли пустински места, во земја солена и непогодна за живее­ње.

7Благословен е човекот кој се надева на Господ, и кому надежта Му е Господ.

8Затоа што тој ќе биде како дрво посадено крај води, што ги пушта корењата свои покрај потокот; тоа не стра­вува кога настанува припек; лисјата му се зелени, и во време на суша не се пла­ши и не престанува да дава плод.

9Лукаво е човечкото срце повеќе од сѐ и е наполно расипано; кој ќе го раз­бере?

10Јас, Господ, проникнувам во срцето и ја испитувам внатрешноста, за да му дадам на секого според патот негов и според плодовите на делата негови.

11Како еребица што лежи врз јајца што не ги снесла, таков е оној, кој со неправда спечалува богатство; тој ќе го остави во половината од животот свој и на крајот ќе се открие дека е глупав.

12Престолот на славата, возвишен уште од почетокот, тоа е нашето свето место!

13Ти си, Господи, надеж Израелова; сите оние, кои Те оставаат ќе се засрамат. „Кој отстапува од Мене нека биде запишан за под земја, зашто Го оставија Господа, изворот на жива вода.“

14Исцели ме Господи, и исцелен ќе бидам; спаси ме, и спасен ќе бидам, за­што Ти си моја фалба.

15Еве, тие ми велат: „Каде е словото Господово? Нека дојде!“

16Јас не одбегнував да станам пастир кај Тебе и не го посакував кобниот ден, Ти го знаеш тоа; што излезе од устата моја, откриено е пред лицето Твое.

17Не биди страшен за мене, Ти си на­деж моја во ден на неволја.

18Нека се засрамат гонителите мои, но јас нема да се посрамам; нека затре­перат, а јас нема да затреперам; ис­прати врз нив злочест ден и уништи ги со двојно уништување.

19Така ми вели Господ: оди и застани пред портите на синовите народни, низ кои влегуваат царевите јудејски и низ кои излегуваат, и пред сите ерусалим­ски порти,

20па речи им: цареви јудејски, цела Јудејо и сите ерусалимски жители, вие, кои влегувате низ овие порти, чујте го словото Господово.

21Вака вели Господ: пазете ги душите свои и не носете товар во саботен ден и не внесувајте го низ портите ерусалимски,

22и не изнесувајте товар од куќите свои во саботен ден и не вршете никаква работа. Саботниот ден сметајте го за свет ден така, како што сум им запове­дал на предците ваши,

23кои, пак, не послушаа и не внимаваа, туку станаа тврдоглави, за да не слушаат и да не примаат поука.

24И, ако ме послушате, вели Господ, да не носите товар во саботен ден низ портите на овој град и саботата да ја сметате за света, во тој ден не вршејќи никаква работа,

25тогаш низ портите на овој град ќе влегуваат цареви и кнезови, кои ќе се­дат на Давидовиот престол, кои ќе се возат во коли и ќе јаваат на коњи, тие и кнезовите нивни, Јудејци и ерусалимски жители, тогаш овој град ќе биде вечно населен.

26Па ќе доаѓаат од градовите јудејски, од ерусалимската околина и од земјата Венијаминова, од рамнините, од планините и од југ, и ќе принесуваат сепале­ници и жртви, лебен принос, темјан и благодарствени жртви во домот на Господ.

27Ако, пак, не Ме послушате, да го сметате саботниот ден како свет и да не носите товар, кога влегувате низ еру­салимските порти во саботен ден, тогаш ќе запалам оган пред портите негови, и тој ќе ги проголта куќите ерусалимски и нема да угасне.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>