1Вака рече Господ: оди, купи глинена стомна откај грнчарот; поведи ги со себе најстарите од народот и свештеничките старешини.
2Па излези во долината на синовите Хиномови, која се наоѓа пред Источната Порта, и објави ги таму зборовите, што ќе ти ги кажам,
3и кажи: цареви јудејски и жители ерусалимски, чујте го словото Господово! Вака вели Господ Саваот, Бог Израелов — еве, Јас ќе испратам врз ова место зло, и кој ќе чуе за тоа, ќе му пиштат ушите,
4ⓥзашто Ме оставија и туѓо го направија ова место, па кадат во него на туѓи богови, кои не ги познавале ни тие, ниту татковците нивни, а ни јудејските цареви; го исполнија ова место со невина крв,
5и му подигнаа светилиште на Ваал, за да ги горат синовите свои со оган како сепаленица за Ваал, што Јас не сум ја заповедал, не сум зборувал и што на ум не Ми доаѓало.
6ⓦЗатоа, еве, идат дни, вели Господ, кога ова место нема веќе да се нарекува Товет, односно долина на синовите Хиномови, туку Крвна Долина.
7ⓧИ ќе ги осуетам намерите на Јуда и на Ерусалим во ова место и ќе дозволам да паднат од меч пред очите на непријателите нивни и од раката на оние, што ја бараат душата нивна, и труповите нивни ќе им ги дадам како храна на птиците небески и на ѕверовите земни.
8ⓨИ ќе го направам овој град за ужас и поруга; и секој, што ќе минува низ него, ќе се чуди и ќе си потсвирнува, гледајќи ги многуте рани негови.
9ⓩИ ќе ги нахранам со телата на синовите нивни и со телата на ќерките нивни; и секој ќе го јаде телото на својот ближен кога ќе се наоѓа под опсада и во тесно, кога ќе ги притискаат непријателите нивни и оние, што ја бараат душата нивна.
10Па скрши ја стомната пред очите на луѓето, кои ќе дојдат со тебе,
11ⓐи кажи им: вака вели Господ Саваот — така ќе го разбијам тој народ и тој град, како што е скршен овој грнчарски сад, кој веќе не може да стане цел, и ќе ги погребуваат во Товет, поради немање место за погребување.
12Така ќе постапам со тоа место, вели Господ, и со неговите жители; и тој град ќе го направам сличен на Товет.
13ⓑА куќите на Ерусалим и куќите на царевите јудејски — ќе бидат нечисти како местото Товет: зашто врз покривите на сите куќи кадеа на целата војска небесна и извршуваа преливи на туѓи богови.