Еремија 24:1-10 MKDB2006 - Bible AI

1Господ ми покажа две кошници со смокви, поставени пред хра­мот Господов, откако вавилонскиот цар Навуходоносор го изведе од Ерусалим заробениот јудејски цар Јехонија, синот Јоакимов, и јудејските кнезови со дрво­делците и ковачите и ги одведе во Ва­вилон;

2едната кошница беше полна со мно­гу добри смокви, какви што се раните смокви, а втората кошница — со смокви, многу лоши, кои поради лошиот вкус не можеа да се јадат.

3И ме праша Господ: што гледаш, Еремија? — Јас одговорив; убавите смок­ви се многу добри, а лошите — многу лоши, така што не можат да се јадат, зашто не се вкусни воопшто.

4И дојде слово Господово до мене:

5вака вели Господ, Бог Израелов — како овие добри смокви Јас ќе ги препознаам добрите изгнаници јудејски, што ги истерав од ова место во земјата Халдејска.

6И ќе ги свртам кон нив очите Мои за нивно добро и ќе ги вратам во оваа земја, и ќе ги подигнам, нема да ги сосипам, и ќе ги посадам, а не да ги искоренам;

7и ќе им дадам срце, за да знаат дека Јас сум Господ, и тие ќе бидат Мој народ. Јас пак ќе им бидам нивни Бог, зашто тие ќе се обратат кон Мене од сѐ срце.

8А за лошите смокви, кои не можат да се јадат поради нивниот вкус, така вели Господ: такви ќе ги направам ју­дејскиот цар Седекија и кнезовите не­гови, и другите ерусалимци, што ќе останат во оваа земја и што ќе живеат во египетската земја;

9и ќе ги предадам на зло и тешко страдање во сите земни царства, за по­руга и за приказ, за потсмев и за про­к­летство по сите места, каде што ќе ги растурам.

10Па ќе испратам врз нив меч, глад и помор, додека не ги истребам од земјата што им ја дадов ним и на татковците нивни.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>