Еремија 25:1-38 MKDB2006 - Bible AI

1Слово што дојде до Еремија за сиот јудејски народ, во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, си­нот Јошиев. Тоа беше првата година на вавилонскиот цар Навуходоносор,

2кое пророкот Еремија го изрече пред сиот јудејски народ и пред сите ерусалимски жители, велејќи:

3од тринаесеттата година на јудеј­скиот цар Јошија, синот Амонов, па до денес, ете веќе дваесет и три години, доаѓа до мене слово Господово, и јас од рано утро ви зборував, но вие не по­слушавте.

4Господ ги праќаше кај вас сите Свои слуги — пророците, од рано утро ги ис­праќаше, и вие не послушавте и не го наклонивте увото свое за да слушате.

5Тие ви велеа: „Отклонете се секој од својот лош пат и од своите лоши дела и живејте во земјата, која Господ ви ја даде вам и на вашите татковци од векот довека;

6и не одете по други богови, за да им служите и да им се поклонувате, и не разгневувајте Ме со делата на рацете свои, па нема да ви направам зло.“

7Но вие не Ме послушавте, вели Гос­под, и Ме разгневувавте со делата на рацете свои, за свое зло.

8Затоа, така вели Господ Саваот: по­ради тоа што не ги послушавте зборо­вите Мои,

9еве, Јас ќе пратам и ќе ги земам сите северни племиња, вели Господ, и ќе испратам до вавилонскиот цар Навухо­доносор, Мојот слуга, и ќе ги доведам против оваа земја и против жителите нејзини и против сите соседни народи; и наполно ќе ги истребам и ќе ги напра­вам за ужас, за потсмев и за вечна пус­тош.

10И ќе ги прекратам во нив гласот на радоста и гласот на веселбата, гласот на младоженецот и гласот на невестата, звукот од воденичниот камен и светлината од светилото.

11И целата таа земја ќе стане пустина и ужас; и тие народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години.

12А кога ќе се исполнат седумдесетте години, ќе го казнам вавилонскиот цар и оној народ, вели Господ, за нивното беззаконие, и земјата Халдејска ќе ја направам вечна пустина.

13И ќе ги исполнам над таа земја сите Мои зборови, што ги реков против неа, сѐ што е напишано во оваа книга, што Еремија пророчки го кажа против тие народи.

14Зашто и нив ќе ги поробат многу­бројните народи и големи цареви. И Јас ќе им платам според нивните постапки и според делата на рацете нивни.

15Зашто така ми рече Господ, Бог Израелов: земи ја од раката Моја оваа чаша со вино од јарост и напој ги од неа сите народи, кај кои ќе те пратам.

16И тие ќе пијат, и нека се смутат и избезумат, кога ќе го видат мечот, што ќе го пратам против нив.

17Ја зедов чашата од раката Господо­ва и ги напоив од неа сите народи, кај кои Господ ме прати:

18Ерусалим и градовите јудејски, и царевите негови, и кнезовите негови, за да ги опустошам и направам ужас, пот­смев и проклетство, како што се гледа сега;

19фараонот, египетскиот цар, слугите негови, кнезовите негови и сиот народ негов;

20сиот измешан народ, и сите цареви на земјата Уц, и сите цареви на земјата филистејска, Ашкелон и Газа, Екрон и другите делови на Ашдод,

21Едом, Моав и Амоновите синови,

22сите цареви на Тир и сите цареви на Сидон, царевите над островите, што се наоѓаат отаде морето,

23Дедан, Тема, Буз и сите што ги бричат главите свои,

24сите цареви на Арабија и сите цареви на народите од разни племиња, кои живеат во пустината,

25сите цареви на Замвриј и сите цареви на Елам, сите цареви на Мидија,

26сите цареви на север, блиски и далечни, и сите земни царства што постојат на земјата, а царот на Шешах ќе пие по нив.

27Па кажи им: вака вели Господ Саваот, Бог Израелов — пијте и опијте се, повраќајте и паднете, и не станувај­те, кога ќе го видите мечот, што ќе го испратам против вас.

28Ако се откажат, пак, да пијат од чашата од раката твоја, тогаш кажи им: вака вели Господ Саваот — морате да пиете.

29Зашто, еве, на овој град, над кој се призива името Мое, почнувам да му нанесувам зло; па зар вие ќе останете неказнети? Не, нема да останете не­казнети; бидејќи Јас повикувам меч против сите, што живеат на земјата, вели Господ Саваот.

30Затоа пророкувај им ги сите овие зборови и кажи им: Господ ќе загрми од висините и од Своето свето живеалиш­те; ќе издигне глас, ќе загрми страшно против својот насад; како оние што гмечат грозје, ќе извика против сите, што живеат по земјата.

31Писок ќе одекнува по сите краишта земни, бидејќи Господ им суди на сите народи: Тој ќе му суди на секое тело, а нечесните ќе ги предаде на меч, вели Господ.

32Така вели Господ Саваот — ете, зло­то ќе мине од народ кон народ, и голем виор ќе се подигне од краиштата земни.

33А во оној ден ќе има погубени од Господ од едниот крај на земјата до другиот; тие нема да бидат оплакани, ниту прибрани, ниту погребани, туку ќе бидат како ѓубре по земјата.

34Плачете пастири, и офкајте, поси­пете се со пепел, водачи на стадото; за­што дојдоа деновите ваши, да бидете заклани и расфрлани, па ќе паднете ка­ко скапоцен сад.

35И не ќе има прибежиште за пасти­рите и спас за водачите на стадото.

36Ќе се слуша пискот од пастирите и плач од водачите на стадото, бидејќи Господ ќе ги опустоши пасиштата нив­ни.

37Јароста на гневот Господов ќе ги истреби мирните трла.

38Како лав го остави живеалиштето Свое; а земјата им стана пустина од ја­роста на пустошникот и од Неговиот огнен гнев.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>