Еремија 26:1-24 MKDB2006 - Bible AI

1Во почетокот од царувањето на јудејскиот цар Јоаким, син Јо­шиев, дојде ова слово од Господ.

2Вака вели Господ: застани во дворот на домот Господов и кажи им ги на сите градови во Јудеја, кои доаѓаат да се поклонат во домот Господов, сите оние зборови што ќе ти заповедам да им ги кажеш; ниеден збор да не пропуштиш.

3Можеби тие ќе те послушаат и ќе се отклони секој од својот лош пат, па тогаш Јас ќе го повлечам злото, што сум намислил да им го направам за нивните лоши работи.

4И речи им — вака вели Господ: ако не Ме послушате, и не одите по Мојот закон, што ви го дадов,

5и не ги примате зборовите на Моите слуги, пророците, кои ги праќам кај вас, а ги праќам од рано утро, и кои вие не ги слушате —

6тогаш со овој дом ќе направам исто што со Силом, и овој град ќе го пре­дадам на проклетство на сите земни народи.

7Свештениците и пророците и сиот народ го слушаа Еремија, кога ги зборуваше овие зборови во домот Господов.

8А кога Еремија кажа сѐ, што му беше заповедал Господ да му каже на сиот народ, свештениците и пророците и сиот народ го фатија и рекоа: „Заслужуваш смрт,

9бидејќи пророкуваш во името на Господ и велиш — овој дом ќе стане како Силом и овој град ќе запусти и ќе остане без жители!“ И сиот народ се со­бра околу Еремија во домот Господов.

10Кога го чуја тоа кнезовите јудејски, дојдоа од царскиот дом, во домот Господов и седнаа пред влезот на но­вите порти на домот Господов.

11Тогаш свештениците и пророците вака им рекоа на кнезовите и на сиот народ: „Овој човек заслужува смрт, затоа што пророкува против овој град; а тоа го чувте со ушите свои!“

12И им рече Еремија на сите кнезови и на сиот народ: „Господ ме прати да пророкувам против овој дом и против овој град со сите зборови, што ги чувте;

13па така, исправете ги патиштата и делата ваши и послушајте го гласот на Господ, вашиот Бог, и Господ ќе го повлече злото, што го изрече против вас.

14А што се однесува до мене, еве, јас сум во ваши раце; правете со мене, што сметате дека е добро и право;

15само знајте добро дека ако ме убиете, ќе земете невина крв врз себе и врз овој град и врз жителите негови, зашто навистина, Господ ме прати кај вас да ви ги кажам на ушите ваши сите овие зборови.“

16Тогаш кнезовите и сиот народ им рекоа на свештениците и на пророците — овој човек не потпаѓа под смртна пресуда, затоа што тој ни зборува во името на Господ, нашиот Бог.

17И некои од старешините месни ста­наа и му зборуваа на целото собрание:

18„Михеј од Морешет пророкуваше во деновите на јудејскиот цар Езекија и му зборуваше на сиот јудејски народ: вака вели Господ Саваот — Сион ќе биде разоран како нива, и Ерусалим ќе стане куп урнатини, и гората на овој дом како шумовит рид.

19Па зар го уби заради тоа јудејскиот цар Езекија и цела Јудеја? Па зар не се уплаши тој од Господ и зар не Го замо­ли Господа, и Господ го повлече злото, што беше го изрекол против нив; а треба ли ние сега да навлечеме такво големо зло врз душите свои?

20Пророкуваше во името на Господ и некој Урија, синот на Шемаја, од Кир­јат-Јарим, и тој пророкуваше против овој град и против оваа земја со истите зборови, како сега Еремија.

21Кога ги чуја тие зборови царот Јоа­ким и сите негови големодостојници, и сите кнезови, побараа да го убијат. А кога го разбра тоа, Урија се уплаши и побегна, па отиде во Египет.

22Но царот Јоаким испрати по него луѓе и во Египет: Елнатан, синот Ахбо­ров, и некои други со него.

23И го изведоа Урија од Египет, па го доведоа при царот Јоаким, и тој го уби со меч, а трупот негов го фрли кај гробиштата на обичните луѓе.“

24Но раката на Ахикам, синот Сафа­нов, беше покрај Еремија и не го даде во рацете на народот, за да биде убиен.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>