1Во почетокот од царувањето на јудејскиот цар Јоаким, син Јошиев, дојде слово Господово до Еремија.
2Вака ми рече Господ: направи си јажиња и јарем, па стави ги околу вратот.
3И прати исто такви до царот на Едом, до моавскиот цар, до царот на синовите Амонови, до тирскиот цар и до царот на Сидон, по пратеници, што дошле во Ерусалим кај јудејскиот цар Седекија,
4и порачај им да им кажат на господарите свои — вака вели Господ Саваот, Бог Израилев — кажете им го ова на вашите господари:
5
6
7
8
9А вие не слушајте ги вашите пророци и вашите бајачи, вашите јасновидци, вашите маѓепсници и вашите вражачи, кои ви велат: „Нема да му робувате на вавилонскиот цар.“
10Затоа што тие ви пророкуваат лага, за да ве оддалечат од земјата ваша, па Јас да ве изгонам и вие да загинете.
11
12И на јудејскиот цар Седекија Јас му ги кажав истите зборови, велејќи: наведнете го вратот под јаремот на вавилонскиот цар и служете му нему и на народот негов, па ќе бидете живи.
13
14И немојте да ги слушате зборовите на пророците, кои ви велат: „Нема да му робувате на вавилонскиот цар“, зашто тие ви пророкуваат лага.
15
16Им зборував и на свештениците и на сиот овој народ — вака вели Господ: не слушајте ги зборовите на вашите пророци кои ви пророкуваат и велат: „Еве, наскоро ќе бидат вратени од Вавилон садовите на домот Господов“, бидејќи тие ви пророкуваат лага.
17
18Ако се, пак, тие пророци, и ако во нив има слово Господово, нека се молат пред Господ Саваот, па садовите што останале во домот Господов, во домот на јудејскиот цар и во Ерусалим, да не се однесат во Вавилон.
19Зашто вака вели Господ Саваот: за столбовите и за морето, и за подножјата како и за другите работи, што останаа во овој град,
20а кои вавилонскиот цар Навуходоносор не ги зеде, кога го одведе во ропство јудејскиот цар Јехонија, синот Јоакимов, царот јудејски од Ерусалим и сите старешини во Вавилон,
21зашто вака вели Господ Саваот, Бог Израилев, за садовите што останаа во домот Господов, во домот на јудејскиот цар и во Ерусалим:
22