1Во истата година, во почетокот на царувањето на јудејскиот цар Седекија, во четвртата година, во петтиот месец, Ананија, синот Азуров, пророк од Гаваон, зборуваше во домот Господов пред свештениците и сиот народ, велејќи:
2— вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: ќе го скршам јаремот на вавилонскиот цар;
3по две години ќе ги вратам во ова место сите садови од домот Господов, кои вавилонскиот цар Навуходоносор ги зеде одовде и ги однесе во Вавилон;
4и јудејскиот цар Јехонија, синот Јоакимов, и сите заробени Јудејци, што отидоа во Вавилон, ќе ги вратам на ова место, вели Господ; бидејќи ќе го скршам јаремот на вавилонскиот цар.
5И му рече пророкот Еремија на пророкот Ананија пред сите свештеници и пред сиот народ, кој стоеше во домот Господов,
6
7Само, чуј го зборот што ќе ти го кажам, чуј го ти, а нека го чуе и сиот народ;
8
9
10Тогаш пророкот Ананија го зеде јаремот од вратот на пророкот Еремија и го скрши.
11И рече Ананија пред сиот народ: „Вака вели Господ — ете, така ќе го строшам јаремот на вавилонскиот цар Навуходоносор по две години, откако ќе го извадам од вратот на сите народи. Тогаш си отиде Еремија по својот пат.
12И беше упатено слово Господово до Еремија, откако пророкот Ананија го скрши јаремот од вратот на пророкот Еремија:
13
14
15
16Затоа, вака вели Господ: еве, Јас ќе те исфрлам од лицето на земјата; уште во текот на оваа година ќе умреш, бидејќи зборуваш против Господ.
17И умре пророкот Ананија во таа година во седмиот месец.