1Сафатија, синот Матанов, Годолија, синот Пашхуров, Јухал, синот Шелемиев, и Пашхур, синот Мелхиев ги чуја зборовите, што ги кажа Еремија пред народот, откако рече:
2
3Така вели Господ — овој град бездруго ќе биде предаден во рацете на војската од вавилонскиот цар, и тој ќе го преземе.“
4Тогаш кнезовите му рекоа на царот: „Овој човек нека биде предаден на смрт, зашто влијае да ослабат рацете на војниците, што ќе останат во овој град, рацете на сиот народ, откако им ги кажа тие зборови; бидејќи овој човек не му пожелува добро на овој народ, туку зло.“
5
6Тогаш го фатија Еремија и го фрлија во јамата на Малкија, синот царев, кој беше во стражарницата, и го спуштија Еремија со јаже; во јамата немаше вода, туку само тиња, и Еремија падна во тињата.
7И чу Авдемелех Етиопјанецот, еден од дворјаните што се наоѓаше во царскиот дом, дека Еремија го фрлија во јамата, а царот тогаш седеше пред портите Венијаминови.
8Па излезе Авдемелех од царскиот дом и му рече на царот:
9„Господаре мој, царе, лошо ти направија оние луѓе што така постапија со пророкот Еремија, кого го фрлија во јамата; тој ќе умре таму од глад, зашто во градот веќе нема леб.“
10Царот му заповеда на Авдемелех Етиопјанецот и рече: „Земи со себе одовде триесетина луѓе и извлечи го пророкот Еремија од јамата, додека уште не умрел!“
11Авдемелех зеде со себе луѓе и влезе во царскиот дом, во подземјето, и зеде оттаму износени алишта, стари крпи, па ги спушти со јаже во јамата кај Еремија.
12И му рече Авдемелех Етиопјанецот на Еремија: „Стави ги тие ветви алишта и крпите под мишките на рацете свои, под јажето.“ И Еремија направи така.
13
14Тогаш царот Седекија прати, па го повика при себе Еремија, кај третиот влез во домот Господов; и му рече на Еремија: „Ќе те прашам нешто, но не сокривај ништо од мене.“
15И му рече Еремија на Седекија: „Ако ти откријам, нема ли да ме предадеш на смрт, а ако те посоветувам, ти нема да ме послушаш.“
16
17Тогаш Еремија му рече на Седекија: „Вака вели Господ, Бог Саваот, Бог Израелов — ако отидеш кај кнезовите на вавилонскиот цар, душата ќе ти остане жива, и овој град нема да биде изгорен со оган, и ти ќе бидеш жив, а и домот твој;
18ако, пак, не појдеш кај кнезовите на вавилонскиот цар, овој град ќе биде предаден во рацете на Халдејците, и тие со оган ќе го изгорат, а ти нема да побегнеш од рацете нивни.“
19И му рече царот Седекија на Еремија: „Се плашам од Јудејците, кои појдоа кај Халдејците, за да не ме предадат Халдејците во рацете нивни, па тие да се исмеат со мене.“
20
21Ако, пак, не сакаш да појдеш, еве го словото, што ми го откри Господ:
22
23и сите твои жени и децата твои ќе ги одведат кај Халдејците, и ти не ќе можеш да избегаш од рацете нивни; ти ќе бидеш грабнат од раката на вавилонскиот цар и ќе направиш овој град да биде изгорен со оган.‘“
24И му рече Седекија на Еремија: „Никој да не ги знае овие зборови, и тогаш ти нема да умреш;
25ако, пак, чујат кнезовите дека сум зборувал со тебе, и дојдат кај тебе и ти речат — кажи ни, што му зборуваше на царот, не криј од нас, и ние нема да те убиеме, а и она, што ти рече царот,
26тогаш кажи им: јас му ја изнесов пред лицето на царот мојата молба, за да не ме враќа во домот на Јонатан, па да не умрам таму.“
27И дојдоа сите кнезови кај Еремија и го прашаа, а тој им одговори точно онака, како што му беше заповедал царот да каже, и тие молчешкум го оставија, бидејќи не го дознаа она што му беше речено на царот.
28