Еремија 39:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1Во деветтата година на Седекија, царот јудејски, во десеттиот месец, дојде Навуходоносор, царот вавилонски со сета војска своја до Ерусалим и го опседна.

2А во единаесеттата година на Седе­кија, во четвртиот месец, во деветтиот ден од месецот градот беше преземен.

3И влегоа во него кнезовите на ва­вилонскиот цар — Нергал-Шарецер, Сам­гар-Неву, Сарсехим, началник на дворјаните, Нергал-Шарецер, заповедник, и сите други кнезови на вавилонскиот цар и се сместија до средните порти.

4Кога Седекија, царот јудејски, и сите воени началници, ги видоа, побегнаа, и во текот на ноќта излегоа од градот преку царската градина, низ портите меѓу двата ѕида и тргнаа по патот кон рамнината.

5Но халдејската војска се спушти по нив; го достигнаа Седекија во Ерихон­ската рамнина; го фатија и го одведоа кај вавилонскиот цар Навухо­доносор во Ривла, во земјата Хамат, и го судеше.

6И вавилонскиот цар во Ривла ги закла синовите на Седекија пред него­вите очи; вавилонскиот цар ги закла и сите велможи јудејски;

7а на Седекија му ги извади очите и го окова во окови, за да го одведе во Вавилон.

8Домот на царот и домовите на народот Халдејците ги изгореа со оган и ѕидовите ерусалимски ги срушија.

9А остатокот од народот, што остана во градот, како и одметниците, кои му се придружија, и другиот народ, Наву­зардан, началникот на телохрани­телите, ги пресели во Вавилон.

10Бедните од народот, пак, кои немаа ништо, Навузардан, началникот на те­лохранителите, ги остави во јудејската земја и им даде уште тогаш лозја и ниви.

11А за Еремија, Навуходоносор, ца­рот вавилонски, му даде таква заповед на Навузардан, началникот на телохра­нителите —

12„Земи го, грижи се за него, и не прави му ништо лошо, туку постапувај со него онака, како што ќе ти каже тој.“

13И прати Навузардан, началникот на телохранителите, и Невушазбан, начал­ник на дворјаните, и Нергал-Шарецер, врховниот заповедник, и сите кнезови на вавилонскиот цар,

14испратија и го зедоа Еремија од стражарницата и му го доверија на Го­долија, синот на Ахикам, синот Сафа­нов; го изведоа и тој остана да живее меѓу народот.

15Кога Еремија сѐ уште беше затво­рен во дворскиот затвор, дојде слово Господово до него:

16оди, речи му на Авдемелех Етиопја­нецот — вака вели Господ Са­ваот, Бог Израелов: еве, Јас ќе ги ис­полнам збо­ровите за овој град на зло, но не на добро, и тие ќе се извршат во оној ден пред очите твои;

17но тебе ќе те избавам во оној ден, вели Господ, и нема да бидеш предаден во рацете на луѓето, од кои се плашиш.

18Јас ќе те избавам и ти нема да пад­неш од меч, и ќе ти остане животот како плен, бидејќи на Мене се надеваше, вели Господ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>