1И дојде слово Господово до Еремија, откако Навузардан, началникот на телохранителите, го отпушти од Рама, каде што го беше зел окован во вериги од другите заробени ерусалимци и Јудејци, преселувани во Вавилон.
2Началникот на телохранителите го зеде Еремија и му рече: „Твојот Господ Бог го изрече ова зло врз ова место
3и го испрати Господ, и направи, како што рече — бидејќи вие згрешивте пред Господ и не го послушавте гласот Негов, и ете заради тоа и ве постигна ова.
4
5Додека тој уште не беше тргнал, Навузардан рече: „Оди кај Годолија, синот на Ахикам, синот Сафанов, кого вавилонскиот цар го постави за началник над јудејските градови, и остани со него меѓу народот; или, оди, каде што ти е мило да одиш.“ И началникот на телохранителите му даде храна и дар, па го отпушти.
6И дојде Еремија кај Годолија, синот Ахикамов, во Мицпа и живееше со него меѓу народот, што беше останал во земјата.
7
8тогаш дојдоа во Мицпа кај Годолија Исмаил, синот на Нетанија, Јоханан и Јонатан, синовите на Кареах, Сераја, синот Танхуметов, синовите на Ефе од Нетофа и Језанјаху, синот на Мааха, тие и дружината нивна.
9Годолија, синот на Ахикам, син Сафанов, им се заколна ним и на луѓето, велејќи: „Не плашете се да им служите на Халдејците, останете си во земјата и служете му на вавилонскиот цар, па ќе ви биде добро;
10јас пак ќе останам во Мицпа за да се застапувам пред Халдејците, што ќе доаѓаат кај нас; а вие собирајте вино, летни плодови и масло, собирајте го во вашите садови и живејте во градовите свои, што ги зазедовте.“
11Исто така и сите Јудејци, кои се наоѓаа во земјата Моав, меѓу синовите на Амон, во Едом и по сите краишта, чуја дека вавилонскиот цар оставил дел од Јудејците и го поставил над нив Годолија, синот на Ахикам, син Сафанов,
12па се вратија сите тие Јудејци од сите места, каде што беа прогонети, и дојдоа во јудејската земја кај Годолија во Мицпа, и собраа многу вино и летни плодови.
13Меѓутоа, Јоханан, синот на Кареах, и сите воени началници, што се наоѓаа во полето, дојдоа кај Годолија во Мицпа,
14и му рекоа: „Знаеш ли ти дека Ваалис, царот на синовите Амонови, го испрати Исмаил, синот Нетаниев, да те убие?“ Но Годолија, синот Ахикамов, не им поверува.
15
16Но Годолија, синот Ахикамов, му рече на Јоханан, синот на Кареах: „Не прави го тоа, зашто она, што ми го кажуваш за Исмаил, не е вистина.“