1Кога Еремија му ги изговори на сиот народ овие зборови на нивниот Господ Бог, сите тие зборови со кои нивниот Господ го прати до нив,
2
3туку Варух, синот Нириев, те наговори против нас, за да нѐ предадеш во рацете на Халдејците, па да нѐ убијат, или да нѐ одведат како робови во Вавилон.“
4
5Тогаш Јоханан, синот на Кареах, и сите војводи го поведоа сиот остаток од Јудејците, кои се беа вратиле откај сите народи, каде што беа прогонети, за да живеат во земјата јудејска;
6мажи, жени, деца, царевите ќерки и сите оние, кои Навузардан, началник на телохранителите, ги остави со Годолија, синот на Ахикам, син Сафанов, и пророкот Еремија, и Варух, синот Нириев;
7
8И дојде слово Господово до Еремија во Тафнис:
9земи во рацете големи камења и сокриј ги во измесена глина пред влезот на фараоновиот дом во Тафнис, пред очите на Јудејците,
10и кажи им — вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: еве, ќе пратам и ќе го доведам Навуходоносор, царот вавилонски, слугата Свој, и ќе го поставам престолот негов врз овие камења што ги сокрив, и тој ќе го распне над нив својот великолепен шатор
11
12
13И ќе ги собори статуите на Ветсамис, што се наоѓаат во египетската земја, и светилиштата на египетските богови ќе ги изгори со оган.