Еремија 45:1-5 MKDB2006 - Bible AI

1Слово што пророкот Еремија му го кажа на Варух, синот Нириев, кога тој ги запиша во книга овие збо­рови од устата на Еремија, во четвртата година на јудејскиот цар Јоаким, син Јошиев —

2„Вака вели Господ, Бог Израелов, за тебе, Варух:

3ти велиш — ‚тешко мене! зашто Господ ми придодаде кон болката моја; изнемоштен сум од воздишки и спокој немам.‘

4Кажи му вака: така вели Господ — еве, што сум направил, ќе разрушам, и, што сум посадил ќе искорнам — целава оваа земја.

5А ти за себе сакаш нешто големо — не барај; бидејќи еве, Јас ќе испратам неволја врз секое суштество, вели Господ, а тебе ќе ти го подарам животот како да ти е плен, насекаде каде и да појдеш.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>