Еремија 46:1-28 MKDB2006 - Bible AI

1Слово Господово, упатено до пророкот Еремија за незна­божечките народи:

2за Египет, за војската на фараонот Нехо, цар египетски, што беше при реката Еуфрат во Каркемиш и што ја победи Навуходоносор, царот вавилон­ски во четвртата година на Јоаким, синот Јошиев, цар јудејски:

3„Пригответе ги штитовите и копјата и стапете во бој;

4оседлајте ги коњите и качете се на нив, коњаници, и поставете ги шлемо­вите; наострете ги копјата, облечете се во оклопи.

5А зошто, гледам, тие се уплашија и отстапуваат? Јунаците нивни се разбиени и бегаат, не обѕрнувајќи се назад, страв од секаде, вели Господ.

6Нема да побегне брзоногиот и нема да се избави силниот; на север, покрај реката Еуфрат, ќе се сопнат и ќе паднат.

7Кој е тој што се подига како Нил, чии води се брануваат како брзица?

8Египет се подига како река и водите му се разбрануваат како брзаци, па ве­ли: ќе се кренам и ќе ја покријам земјата, ќе го уништам градот и жителите негови.

9Седнувајќи на коњите и впрегнувајќи ги колите, излегувајте, и гинете, јунаци, Етиопјани и Либијци, вооруже­ни со штитови, и Лудимци, што ги др­жите и затегнувате лаковите;

10зашто овој ден е за Господ, Бог Са­ваот, ден за одмазда, за да им се одмазди на непријателите Свои; и меч ќе изедува, ќе се насити и ќе се опие од крвта нивна; бидејќи тоа ќе се изврши за Господ Бог Саваот, како жртвен принос во северната земја, кај реката Еуфрат.

11Оди во Галаад и земи балсам, девој­ко, ќерко египетска; залудо ќе трупаш лекови — лек за тебе нема!

12Чуја народите за твојот срам, и пискотот твој ја исполни земјата; биде­јќи јунак со јунак се судрува, па обајцата паѓаат.“

13Слово, кое Господ му го кажа на пророкот Еремија за доаѓањето на Навуходоносор, царот вавилонски, за да ја порази земјата египетска:

14„Соопштете во Египет, и кажете во Мигдол, јавете во Мемфис и во Тафнис, кажете: ‚кажи ѝ да се приготви зашто мечот ќе ги изеде околните населби.‘

15Зошто е јунакот твој соборен? Не се одржа, зашто Господ го собори;

16Тој направи така, што многумина се судруваа и паѓаа дури еден врз друг, велејќи: ‚станувај да си појдеме кај нашиот народ во својата родна земја, далеку од насилничкиот меч.‘

17А фараонот — египетскиот цар, наречете го фалбаџија, кој својата прилика ја пропушти.

18Се колнам во Својот живот, вели Царот, чие име е Господ Саваот: ќе дој­де тоа како Тавор меѓу горите и како Кармил покрај Морето.

19Подготви се за преселување, ќерко, жителко египетска, зашто Мемфис ќе биде опустошен, разорен, па не ќе остане ниту еден жител.

20Египет е убава јуница: но погибелта иде, доаѓа од север.

21И наемниците негови кај него не изгледаат како згоени телци, па и самите тргнаа да бегаат, побегнаа сите, не можеа да издржат, бидејќи врз нив дојде нивниот погибелен ден, време за да ги казнам.

22Гласот нивни писка како глас на змија, тие доаѓаат со војска, ќе дојдат врз него со секири како дрвари,

23ќе ја исечат шумата негова, вели Господ, бидејќи се безбројни; повеќе се отколку скакулците, па број немаат.

24Засрами се, ќерко египетска, ти, која си предадена во рацете на северниот народ.

25Господ Саваот, Бог Израелов, вели: еве, Јас ќе го казнам Амон од Мемфис, фараонот и Египет, боговите негови и царевите негови, фараонот и оние што се надеваат во него.

26И ќе ги предадам во рацете на оние што ја бараат душата нивна и во рацете на Навуходоносор, царот вавилонски, и во рацете на слугите негови, но потоа Египет ќе биде населен, како и во поранешните дни, вели Господ.

27А ти, Јакове, слуго Мој, не бој се и не плаши се, Израеле: зашто еве, Јас ќе те избавам од далечната земја и семето твое — од земјата на ропството негово; и ќе се врати Јаков и ќе живее спокојно и мирно, и никој нема да го заплашува.

28Не бој се, Јакове, слуго Мој, вели Господ, зашто Јас сум со тебе. Јас ќе ги истребам сите народи, меѓу кои те изгонив, но тебе нема да те истребам; само ќе те казнам по мерка; неказнет нема да те оставам.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>