1Слово Господово што дојде до пророкот Еремија за Филистејците, пред фараонот да ја порази Газа.
2
3
4од оној ден што ќе дојде да ги сотре сите Филистејци, да ги оттргне од Тир и Сидон сите други помошници, бидејќи Господ ќе ги разори Филистејците, остатокот од островот Кафтор.
5Ќе оќелавее Газа, ќе пропадне Ашкелон и остатокот од нивната долина.
6До кога ќе сечеш, о мечу Господов, кога ќе престанеш? Врати се во ножницата своја, престани и одмори се.
7Но, како да се одмориш, кога Господ заповеда против Ашкелон и против морскиот брег; кон кои Тој го насочи.