1За Моав вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: тешко на Нево, бидејќи ќе биде опустошен; Кирјатаим ќе се осрамоти, и ќе се предаде; тврдината ќе се посрами и ќе се разурне.
2Ќе ја снема повеќе славата на Моав; во Есевон ќе преземаат зло против него: да отидеме за да го сотреме меѓу народите. И ти, Мадмене, ќе опустееш; меч ќе те гони.
3Се слушна пискот од Хоронаим, пустошење и сотирање големо!
4
5На искачување кон Лухит се слуша непрестаен плач; слегувајќи од Хоронаим, се слуша ужасен викот поради пропаста.
6Бегајте, спасувајте си ги животите свои и бидете како оголено дрво во пустина.
7
8И ќе дојде пустошник врз секој град, и ниеден град нема да се одржи; ќе изумре долината и ќе запусти рамнината, како што вели Господ.
9
10
11
12Но, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе пратам врз него преливачи, што ќе го преливаат и ќе ги испразнат садовите негови и ќе ги скршат стомните негови.
13Па ќе биде посрамен Моав заради Хамос, како што беше посрамен домот Израелов поради Ветил, надежта негова.
14Зошто вие велите: ние сме луѓе храбри и силни сме во бој?
15
16Блиска е погибелта на Моав, и брза неговото зло.
17Сожалете го сите негови соседи, и сите што го знаете името негово, речете: како се здроби моќниот жезол и славниот скиптар!
18Слези од височината на величието твое и седни во жедната земја, ќерко, жителко на Дивон, бидејќи пустошникот на Моав ќе дојде кај тебе и ќе ги разруши тврдините твои.
19Застани на патот и погледај ти, која живееш во Ароер, прашај го оној, што бега, и онаа, што гледа да се избави: што станува?
20Засрамен е Моав, зашто е сотрен; плачете и викајте, соопштете во Арнон дека Моав е опустошен.
21И суд дојде врз рамнината, врз Холон, врз Јахца и врз Мефаат,
22врз Дивон, врз Нево и врз Бет-Дивлатаим,
23врз Кирјатаим, врз Бет-Гамул и врз Бет-Меон,
24врз Кериот, врз Восор и врз сите градови на земјата моавска, далечни и блиски.
25
26
27Зар не стана кај тебе Израел за потсмев? Зар тој беше фатен меѓу крадците, па ти, кога зборуваше за него, само ја мавташе главата?
28Жители моавски, оставете ги градовите и живејте по карпите и бидете како гулаби, кои вијат гнезда кај влезот на пештера.
29
30Ја знам Јас дрскоста негова, вели Господ, празна е неговата фалба, лажни се неговите дела!
31Затоа, ќе плачам за Моав и ќе пиштам за целиот Моав; ќе воздивнувам за оние во Кир-Херес.
32
33Радоста и веселбата се одзеде од Кармил и од земјата моавска. Јас ќе направам виното во бурињата да заврши; никој веќе нема да гази во каци со песни; боен повик ќе има, а не радосен вик.
34Од пискотот на Есевон до Елале и до Јахца тие ќе креваат глас, од Сигор до Хоронаим и до Еглат-Шелишија, бидејќи и водите на Нимрим ќе пресушат.
35Ќе ги сотрам во Моав, вели Господ, оние што принесуваат жртви по незнабожечките светилишта и кои им кадат на боговите.
36
37
38По сите покриви на Моав и по неговите улици ќе има само плач, бидејќи Јас го уништив Моав, како непотребен сад, вели Господ.
39Како е сотрен тој, ќе речат, плачејќи; како Моав се покри со срам, кога го сврти тилот, и ќе биде Моав за потсмев и ужас, за сите, што го опкружуваат,
40
41Градовите ќе бидат победени и тврдините освоени, а срцето на храбрите Моавци ќе биде во оној ден како срце на жена, што се измачува при породување.
42
43
44
45
46
47