Ефесјаните 1:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1ⓐПавле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, до светиите што се во Ефес, и до верните во Исус Христос:

2благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и Господ Исус Христос!

3ⓑНека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков духовен бла­гос­лов од небесата во Христос,

4ⓒтака што и нѐ избра преку Него, уш­те пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта,

5ⓓпредопределувајќи нѐ за посинување за Себе преку Исус Христос, зашто тоа Му беше по волја,

6ⓔза да биде фалена славата на Него­вата благодат, со која нѐ дарува преку Својот Возљубен Син,

7ⓕво Кого имаме откуп преку Не­го­ва­та крв, простување на гревовите по бо­гат­ството на Неговата благодат.

8ⓖТаа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум,

9ⓗоткако ни ја откри тајната на Сво­ја­та волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано

10ⓘво уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава — во Христос.

11ⓙПреку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени спо­ред одлуката на Оној Кој врши сѐ спо­ред волјата Своја,

12ⓚза да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос.

13ⓛВо Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината — Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ве­тениот Свети Дух.

14ⓜТој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.

15ⓝ ⓞЕте, затоа и јас, кога слушнав за ва­шата вера во Христос Исус, и за љубовта кон сите светии,

16ⓟпостојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои,

17ⓠта Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете,

18ⓡи да ги просвети очите на срцата ваши за да увидите во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите,

19ⓢи колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме пре­ку дејството на Неговата крепка сила.

20ⓣТаа сила Тој ја покажа во Христос, кога Го воскресна од мртвите и Го пос­тави од Својата десна страна на небесата,

21ⓤповисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот,

22ⓥⓦи сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата,

23која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.

>