Ефесјаните 4:1-32 MKDB2006 - Bible AI

1Браќа, јас, затвореник во Господ, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани,

2со сета понизност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден со друг со љубов,

3трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот.

4Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на ваше­то звање.

5Еден Господ, една вера и едно крш­тение,

6еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас.

7А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Хрис­тов.

8Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“

9А што означува „издигајќи се“, ако не тоа дека Тој слезе пред тоа во најдолните места на земјата.

10Слегнатиот е истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.

11И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовести­тели, четврти за пастири и учители,

12за усовршување на светиите во де­лото на служењето, за изградување на Христовото тело,

13додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота,

14та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лаж­ните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда.

15Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос.

16Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.

17Ова, пак, го зборувам и сведочам во Господ; да не живеете повеќе како што живеат и другите незнабошци, по суетата на својот ум;

18помрачени во разумот, отуѓени од Божјиот живот поради нивното незна­ење и тврдокорноста на нивното срце;

19дојдени до бесчувство, тие се пре­да­доа на разврат и ненаситно вршат се­каква нечистота.

20Но вие не Го познавте така Хрис­тос,

21ако навистина сте чуле за Него и во Него сте биле поучувани — дека вистината е во Исус,

22тогаш отфрлете го од себе стариот човек според вашето поранешно жи­ве­ење, кој се распаѓа во измамливите желби,

23за да се обновите со духот на својот ум

24и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во вистинска пра­ведност и светост.

25Поради тоа, откако ја отфливте лагата, кажувајте си ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме делови еден на друг.

26Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде над гневот ваш;

27и не давајте му место на ѓаволот.

28Крадецот да не краде веќе, туку не­ка се труди и подобро е да се труди со своите сопствени раце да го прави она што е добро, за да има што да му даде на оној што има потреба.

29Никаков гнасен збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за надградување каде што треба, за да им даде благодат на оние што слушаат.

30И не оскрбувајте Го Светиот Дух Божји со Кој сте запечатени за денот на откупувањето.

31Отстранете ја подалеку од вас секоја огорченост, јарост, гнев, викање и хулење заедно со секоја друга злоба.

32Бидете еден спрема друг добри и милосрдни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христос.

>