Ефесјаните 5:1-33 MKDB2006 - Bible AI

1И така, угледајте се на Бога, како чеда возљубени,

2и живејте во љубов, како што и Христос ве возљуби и за нас се предаде Себеси како принос и жртва на Бога за пријатен мирис.

3А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии,

4ниту, пак, срамни и будалести збо­рови или двосмислени приказни, што се неприлични, туку само благодарност.

5Зашто ова треба да го знаете: дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец — кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христос и Бог.

6Никој да не се мами со празни збо­ро­ви; зашто поради нив доаѓа гневот Бож­ји врз синовите на непокорноста;

7затоа, не станувајте нивни соучесници.

8Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината!

9Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито —

10одлучете се за она што Му е мило на Бога!

11Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги!

12Зашто за она што го прават скри­шум, срамно е и да се зборува.

13А сѐ што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е.

14Затоа е речено: „Стани ти што спи­еш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“

15Па така, внимавајте добро како жи­веете! Не како безумни, туку како мудри;

16ползувајте го времето, зашто дните се лукави.

17Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја!

18И не опивајте се со вино, во него има разврат, но исполнете се со Дух.

19Разговарајте меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господ во срцата ваши;

20благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Гос­под Исус Христос;

21покорувајте се еден на друг во страхопочит Божја.

22Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ,

23зашто мажот е глава на жената, ка­ко што е и Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото.

24Па, како што Црквата Му се покорува на Христос, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сѐ.

25Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црк­вата и се предаде Себе за неа,

26за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;

27та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.

28И така, мажите се должни да ги са­каат жените свои како што ги сакаат своите тела; зашто, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.

29Зашто никој никогаш не го намра­зил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата,

30бидејќи ние сме делови на Неговото тело[1].

31„Поради тоа, човекот ќе го остави својот татко и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело.“

32Оваа тајна е голема. Но јас ви збо­рувам за Христос и за Црквата.

33И така, секој од вас да си ја сака же­ната своја, како што се сака самиот себе, а жената да го почитува мажот свој.

>