Ефесјаните 6:1-24 MKDB2006 - Bible AI

1ⓘВие, деца, бидете им послушни на родителите свои, во името на Гос­под, зашто тоа е праведно.

2ⓙ„Почитувај ги својот татко и својата мајка!“ — тоа е првата заповед со ветува­ње,

3„За да ти биде добро, и да живееш долго на земјата.“

4ⓚИ вие, татковците, не дразнете ги де­цата свои, туку подигнувајте ги во вос­питанието и науката на Господ.

5ⓛ ⓜВие, слуги, бидете послушни кон ва­шите земни господари со страв и тре­пет, во простота на срцето, како кон Христос,

6не работете само за пред очи, како оние што сакаат да им се умилкуваат на луѓето, туку како Христови слуги, извршувајќи ја волјата Божја од срце,

7драговолно служејќи, како да Му служите на Господ, а не на луѓе,

8ⓝзнаејќи дека секој, па било тоа роб или слободен, ќе добие од Господ спо­ред доброто, што го направил.

9ⓞА и вие, господарите, исто така, од­несувајте се кон нив и бидете умерени во строгоста своја, знаејќи дека и над вас самите и над нив има на небесата Господар, во Кого нема лицемерност!

10ⓟБраќа, засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ!

11ⓠОблечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лу­кавство;

12ⓡзашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните упра­вители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.

13Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите.

14ⓢИ така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во ок­ло­пот на праведноста,

15ⓣи нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир.

16А над сѐ, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете си­те вжештени стрели на лукавиот;

17ⓤземете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!

18ⓥСо секаква молитва и молба во се­која пригода молете се во духот. Затоа бидете постојано будни со сета истрај­ност и молитва за сите светии,

19ⓦи за мене, та, кога ќе ја отворам ус­тата да ми се даде слободно да ја со­оп­штувам тајната на Евангелието,

20ⓧпоради кое сум пратеник во окови, за да го проповедам смело, како што ми прилега.

21ⓨА за да знаете и вие, како сум и што работам, за сѐ ќе ве извести Тихик, воз­љубениот брат и верен служител во Господ.

22Него го пратив кај вас за да дозна­ете како сме, и за да ги охрабри срцата ваши.

23ⓩМир на браќата и љубов со вера од Бог Отецот и од Господ Исус Христос.

24Благодат со сите што Го сакаат на­шиот Господ Исус Христос — во нераспадливост. Амин.

>