Захарија 3:1-10 MKDB2006 - Bible AI

1Потоа ми го покажа тој Исус, великиот свештеник, кој стоеше пред ангелот Господов, и сатаната, кој стое­ше од Неговата десна страна, за да го обвинува.

2И му рече Господ на сатаната: „Господ да те укори сатано, Господ да те укори, Оној Кој го избра Ерусалим. Зар не е Тој гламја истргната од оган?“

3А Исус беше облечен во извалкана облека и стоеше пред ангелот,

4кој им одговараше и на оние што стоеја пред него, и им рече: „Соблечете ја од него извалканата облека“; и нему лично: „Ете, ја отфрлив од тебе вината твоја и те облекувам во свечена облека.“

5Потоа рече: „Ставете Му на главата чист повој“, и Му ставија на главата чист повој и го облекоа во свечена облека. А ангелот Господов стоеше.

6И ангелот Господов, уверливо, му рече на Исус:

7„Вака вели Господ Саваот: Ако одиш по патиштата Мои и се придр­жуваш кон Моите уредби, ќе владееш со Мојот дом и ќе ги вардиш дворовите Мои. И Јас ќе ти дозволам да одиш меѓу тие луѓе што стојат овде.“

8„Но, послушај, Исусе, велик свеште­ниче, ти и браќата твои, што се пред твоето лице, зашто тие луѓе се познати. Еве, Јас ќе го доведам Својот слуга — Зачетникот.

9Зашто, ете, тој е каменот што го поставувам пред Исус; на тој единствен камен има седум очи; ете, Јас ќе вре­жам натпис, вели Господ Саваот, и ќе го простам гревот на оваа земја во еден ден.“

10„Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе се поканувате еден со друг под лозата и под смоквата.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>