Захарија 4:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1И се врати оној ангел, кој зборуваше со мене, и ме разбуди, како што се разбудува човек од сон.

2Па ми рече: „Што гледаш?“ Одгово­рив: „Еве, гледам свеќник цел од злато и чашка за масло врз него, а и седум кандилца на него и по седум цевчиња за кандилцата, при врвот.

3И две маслинови дрвја на него — едно десно од чашката, а друго лево од неа.“

4Му се обратив и му реков на ангелот, кој говореше со мене: „Што претставува ова, господине?“

5И ангелот, што зборуваше со мене, одговори и ми рече: „Зар не знаеш што е тоа?“ Му реков: „Не знам, господине мој.“

6Тогаш одговори и ми рече: „Тоа е словото Господово кон Зоровавел, што кажува — не со сила не со снага, а со Мојот Дух, вели Господ Саваот.

7Која си ти, планино голема, пред Зоровавел: пред него си рамнина и тој ќе го изнесе каменот темелник со вос­клик: благодат, благодат врз него!“

8И дојде слово Господово до мене:

9„Рацете на Зоровавел ги поставија основите на овој дом: неговите раце и ќе го завршат, и ти тогаш ќе разбереш дека Господ Саваот ме прати кај вас.

10Зашто, кој го презира денот на скромните почетоци? Ќе се израдуваат кога ќе ја видат ѕидарската висулка во рацете на Зоровавел. Оние седум се очите на Господ, што со поглед ја опфаќаат целата земја!“

11Потоа одговорив и му реков: „Што значат оние две маслинови дрвја од десната и од левата страна на свеќни­кот?“

12И пак почнав да му зборувам и му реков: „Што треба да означуваат оние две маслинови гранчиња, што се наоѓаат меѓу двете златни цевчиња, кои долеваат масло?“

13А тој ми рече: „Зар не ти е познато што е тоа?“ Му одговорив: „Не знам, господине мој.“

14Тогаш тој ми рече: „Па тоа се двајцата помазаници кои стојат пред Гос­подарот над целата земја.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>