1Во четвртата година на царот Дариј дојде слово Господово до Захарија, на четвртиот ден од деветтиот месец — кислев,
2ⓓкога жителите на Ветил ги испратија Шарецер и Регем-Мелех и придружниците нивни за да се помолат пред лицето на Господ
3ⓔи да ги прашаат свештениците, што се наоѓаа во домот на Господ Саваот, и пророците, па да прашаат: „Да плачеме ли во петтиот месец и да постиме ли, како што го правевме тоа, еве, веќе многу години?“
4И дојде слово на Господ Саваот до мене:
5ⓕ„Кажи му на сиот народ од оваа земја и на свештениците вака: ‚Кога постевте и плачевте во петтиот и седмиот месец, и тоа цели седумдесет години, за Мене ли постевте?
6И кога јадевте и пиевте, зар не јадевте за себе и зар не пиевте за себе?‘
7Зар истите прописи не ги кажуваше Господ преку поранешните пророци, кога Ерусалим беше населен и спокоен, а и градовите околу него; кога и Негев и Шефела беа населени?“
8И дојде слово Господово до Захарија:
9ⓖ„Вака зборуваше тогаш Господ Саваот: извршувајте суд праведен и имајте милост и сочувство еден кон друг;
10ⓗвдовици и сираци, придојден и сиромав не притеснувајте и не мислете зло во срцата ваши еден против друг.
11ⓘНо тие не сакаа да слушаат, и тврдоглаво Ми свртеа грб; и ушите ги затнаа за да не слушаат.
12ⓙИ срцата си ги стврднаа како кремен, за да не го слушаат законот и зборовите што ги испраќаше Господ Саваот преку Својот Дух до поранешните пророци; па затоа и ги постигна големиот гнев на Господ Саваот.
13ⓚИ како што викав Јас, а тие не слушаа, викаа и тие, но Јас не ги слушав, вели Господ Саваот.
14ⓛПа ги распрснав по сите народи, кои тие не ги познаваа, и оваа земја запусте по нив, така што никој не поминуваше ниту се враќаше во неа. Така, избраната земја тие ја претворија во пустина.“