Захарија 9:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1Пророчкото слово на Господ е против земјата Хадрах, и во Дамаск ќе се задржи, зашто окото Господово ги набљудува сите луѓе, како и сите колена израелски;

2тоа е и врз Хамат, кој се граничи со него, и врз Тир и Сидон, иако се многу мудри.

3Тир изградил тврдина, натрупал среб­ро како прашина, и злато како улична кал.

4Но, ете, Господ ќе го направи беден и ќе му ја струполи силата негова во морето, а и самиот ќе биде истребен со оган.

5Тоа ќе го види Ашкелон, и ќе се уплаши, а и Газа — па и таа ќе затрепери многу, и Екрон, зашто го изневери на­дежта негова: нема да има цар во Газа, и Ашкелон ќе запусти.

6Туѓо племе ќе живее во Ашдод, и Јас ќе ја уништам гордоста на Филис­тејците.

7Ќе ја извлечам крвта од устата нивна, нечистотијата од забите нивни и тие ќе паднат пред нашиот Бог и ќе бидат како семеен клан во Јудеја, а Екрон ќе биде како Јевусиј.

8Ќе поставам стража околу Мојот дом спроти војската, спроти оние, кои преминуваат натаму и наваму, и нема повеќе да доаѓа непријател; зашто сега видов со очите Свои.

9Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој се враќа кај тебе, праведен е и со победоносна сила, кроток, седнат на магаре, рожба на магарица.

10Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрем и коњите на Ерусалим, и ќе се скрши бојниот лак; и Тој ќе објави мир на народите, и царството Негово ќе се протега од море до море и од Еуфрат до краиштата на земјата.

11А што се однесува до тебе, Израеле, заради крвта на заветот Јас ги ослобо­див затворените од безводните јами.

12Враќајте се во тврдината вие затво­реници, полни со надеж! Денес навестувам дека ќе ти дадам двојно.

13Зашто како лак ќе го затегнам Јуда и лакот ќе го вооружам со Ефрем, па ќе ги подигнам синовите твои, Сионе, против синовите твои, Јаване, и тебе ќе те направам како меч јуначки.

14Ќе се појави над нив Господ и како молскавица ќе излета стрелата Негова; ќе загрми Господ Бог со трубата и ќе дојде на јужните бури.

15Господ Саваот ќе ги брани, и тие ќе ги газат дури и камењата за праќи; ќе пијат крв место вино; и ќе се наполнат како жртвени чаши, како аглите на жртвеникот.

16И ќе ги спаси нивниот Господ Бог во оној ден, како стадо од Својот народ; зашто тие ќе заблескаат како камења на круна во земјата Негова.

17О, колку голема ќе биде добротата негова и каква ќе биде убавината негова! Житото ќе ги расцути момците, а благото вино — девојките.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>