Излез 13:1-22 MKDB2006 - Bible AI

1Му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2„Посвети ми го секое првородено, кое ја отвора секоја утроба меѓу сино­вите израелски: и од луѓето, и од до­битокот. Тие Мене ми припаѓаат!“

3И Мојсеј му рече на народот: „По­мнете го овој ден, во кој излеговте од Египет, од домот на ропството, зашто со рака силна ве изведе Господ оттаму; и не јадете ништо со квас.

4Денес излегувате, во месецот авив.

5Затоа, кога Господ ќе те воведе во земјата на Хананците, Хитијците, Амо­рејците, Евејците и Јевусијците, за која им се заколнал на татковците твои дека ќе ти ја даде — земјата во која тече мед и млеко — тогаш служи ја оваа служба во овој месец!

6Седум дена јадете бесквасен леб, а седмиот ден нека биде празник Гос­по­дов.

7Бесквасен леб да јадете седум дена, и да не се најде кај тебе квасен леб, ниту да се најде нешто квасно во сите твои краеви.

8И во тој ден кажи му на синот твој, велејќи: Ова е за она, што ми го напра­ви Господ, кога излегував од Египет!

9И тоа нека ти биде знак на раката твоја и споменик пред очите твои, та законот Господов да ти биде во устата; зашто со силна рака Господ те изведе од Египет.

10Затоа овој закон запазувај го секоја година во определено време!

11А кога ќе те воведе Господ, во земјата Хананска, како што ти се заколна тебе и на твоите татковци, и ќе ти ја предаде;

12на Господ ќе Му го одделуваш секое првородено од машки пол, што отвора утроба и секое првородено од стадата или добитокот, што го имаш, а е од машки род, посвети Му го на Господ!

13А секое првородено магаре замени го со јагне; ако, пак, не го замениш, откупи го. И секое првороденче од човек меѓу синовите твои откупувај го!

14А кога ќе те запраша синот твој тогаш и ти рече: ‚Што е тоа?‘ Кажи му: ‚Зашто со силна рака Господ нѐ изведе од Египет, од домот на ропството.‘

15Зашто, кога упорствуваше фара­онот да не нѐ пушти, го уби Господ секој првороден во земјата египетска, од првенец човечки до првородено во добитокот; затоа Му го принесувам на Господ како жртва секое машко, кое отвора утроба, а секој првороден меѓу синовите мои го откупувам.

16И тоа нека ти биде знак на раката твоја и наместо завој над очите твои, бидејќи со силна рака Господ нѐ изведе од Египет.“

17А кога фараонот го пушти народот, Бог не го поведе по патот преку филистејската земја, иако е пократок; зашто Бог рече: „За да не би да се покае народот, кога ќе види војна, па да се врати во Египет.“

18Бог го поведе народот по патот преку пустината кон Црвеното Море. А синовите израелски излегоа од египетската земја вооружени.

19И ги зеде Мојсеј коските Јосифови со себе; зашто тој ги беше заколнал синовите на Израел, велејќи: „Господ навистина ќе ве посети, а вие тогаш понесете ги коските мои одовде со се­бе.“

20И откако појдоа од Сукот, се настанија во Етам, при крајот на пустината.

21А Господ одеше пред нив, дење како столб од облак, а ноќе во вид на огнен столб, за да им свети; така тие можеа да одат дење и ноќе.

22И не се иставаше пред народот столбот облак — дење, ни столбот од оган — ноќе.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>