Излез 19:1-25 MKDB2006 - Bible AI

1Во првиот ден од третиот месец, откако излегоа синовите израелски од египетската земја, во ден на мла­да месечина, стигнаа во Синајската Пустина.

2Поаѓајќи од Рефидим, дојдоа во Си­нај­ската Пустина, и се улогори Израел таму спроти гората.

3И Мојсеј се искачи кај Бога, и му се јави Господ, велејќи: „Кажи му на домот Јаковов, и извести ги синовите на Израел:

4‚Сами видовте што им направив на Египќаните и како ве изнесов на крилја орлови, ве прибрав кај Себе.

5Па сега, ако го слушате гласот Мој и го пазите заветот Мој, ќе Ми бидете избран народ меѓу сите народи, зашто Моја е целата земја.

6И вие ќе Ми бидете царство на свеш­теници и свет народ.‘ Тоа се збо­ровите, што ќе им ги кажеш на си­новите израелски.“

7Потоа Мојсеј дојде и ги повика на­родните старешини; и им ги изложи сите овие зборови, што му ги заповеда Господ.

8И сиот народ одговори еднодушно и рече: „Сѐ што рекол Господ ќе напра­виме.“ Тогаш Мојсеј Му ги соопшти на Господ зборовите на народот.

9А Господ му рече на Мојсеј: „Еве, Јас ќе дојдам кај тебе во густ облак, за да чуе народот, како ќе зборувам со тебе, па да ти поверува засекогаш.“ Зашто Мојсеј Му ги беше соопштил на Господ зборовите народни.

10И му рече Господ на Мојсеј: „Појди кај народот и освети го денес и утре; и нека ги исперат облеките свои;

11и нека се приготват за третиот ден, зашто во третиот ден ќе слезе Господ на Синајската Гора пред сиот народ,

12а ќе поставиш граници за сиот на­род од сите страни и ќе им кажеш: ‚Пазете да не се качувате на планината и да не се допирате до подножјето неј­зино; секој, кој ќе се допре до планината, ќе загине.

13Никаква рака да не се допре до него, туку со камења да биде убиен или со стрела да биде застрелан; добиток ќе е или човек, жив да не остане. А кога трубата ќе затруби отегнато, тогаш ќе можат да се качат на планината.‘“

14И Мојсеј слезе од планината кај народот и го освети народот; и тие ги испраа облеките свои.

15И му рече на народот: „Бидете го­то­ви за третиот ден; и не приближувај­те се до жена!“

16А третиот ден, на осамнување, за­грме и молњи засветкаа, и настана густ облак над планината, и затруби труба со многу силен глас, така што затрепери сиот народ, кој беше во логорот.

17Тогаш Мојсеј го изведе народот од логорот, за да Го пресретне Бога; и застанаа во подножјето на планината.

18А Синајската Планина целата беше во дим, зашто Господ беше слегол на неа во оган; и дим се креваше од неа, како дим од печка; и целата планина силно се тресеше;

19и гласот на трубата стануваше сѐ посилен. Мојсеј зборуваше, а Господ му одговараше гласно.

20И Господ слезе на планината Синај, на врвот од планината, и го повика Господ Мојсеј на врвот од планината. Мојсеј се искачи.

21Тогаш Бог му рече на Мојсеј: „Сле­зи и кажи му на народот да не навалува за да Го види Господа, та да не изгинат мнозина од нив;

22а свештениците, кои пристапуваат кон Господ, нека се осветат, за да не ги погуби Господ.“

23Тогаш Мојсеј Му рече на Господ: „Не ќе може народот да се качи на Синајската Планина, бидејќи Ти изрич­но нѐ опомена, велејќи — омеѓи ја гората и освети ја.“

24Но Господ му рече: „Оди, слези, па тогаш качете се ти и Арон со тебе; а свештениците, пак, и народот нека не навалуваат да се качат при Господ, за да не загинат.“

25И слезе Мојсеј кај народот и му објасни.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>