Излез 2:1-25 MKDB2006 - Bible AI

1Еден човек од племето Левиево отиде и си зеде жена од ќерките Левиеви.

2Жената зачна и роди машко дете; па кога виде дека е многу убаво, го криеше три месеци.

3Но, кога не можеше повеќе да го крие, зеде кошниче од трски го облепи со асфалт и смола; и, откако го стави детето во него, го однесе во трската крај реката.

4А сестрата негова застана подалеку, за да гледа што ќе стане со него.

5Ќерката, пак, фараонова слезе до реката, за да се капе, а и нејзините слу­гинки одеа покрај реката. Таа го забе­лежа кошничето во трската, па испрати една од слугинките свои, да го донесе.

6А кога го отвори, виде дете; и тогаш детето заплака. Таа се смили над него и рече: „Ова е еврејско дете.“

7Тогаш сестрата негова ѝ рече на фараоновата ќерка: „Сакаш ли да одам да викнам доилка Еврејка, да ти го дои детето?“

8А фараоновата ќерка ѝ рече: „Оди!“ И девојчето отиде, и ја викна мајката на детето.

9Фараоновата ќерка ѝ рече: „Чувај го ова дете, и дој ми го; а јас ќе ти пла­там.“ И го зеде жената детето и го доеше.

10А кога детето порасна, го одведе кај ќерката фараонова, и таа го посини. И му стави име Мојсеј, велејќи: „Зашто од вода го извадив.“

11По многу време, кога Мојсеј порасна, отиде меѓу браќата свои, и ја виде маката нивна. И забележа како еден Египќанец бие Евреин — еден од браќата негови.

12Се обѕрна на сите страни, и, кога виде дека нема никој, го уби Егип­ќа­нецот и го закопа во песокот.

13Утредента излезе пак и виде двајца мажи Евреи како се тепаат и му рече на оној, кој беше виновен: „Зошто го биеш ближниот свој?“

14А тој одговори: „Кој те постави те­бе за старешина и судија над нас? Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што го уби Египќанецот?“ Тогаш Мојсеј се у­плаши и рече: „Значи, се разбрало за ова!“

15И фараонот чу за ова, па сакаше да го погуби Мојсеј. Но Мојсеј избега од фараонот и отиде во мидјанската земја, и седна крај еден извор.

16А свештеникот мидјански, пак, има­ше седум ќерки. И тие дојдоа и цр­пеа вода и ги наполнија поилата, за да го напојат стадото на својот татко.

17Но дојдоа овчари, и ги истераа, а Мојсеј стана и ги одбрани, им налеа вода и им го напои стадото.

18Тие се вратија кај таткото свој Рагуил[1], а тој ги праша: „Зошто толку бргу се вративте денес?“

19Тие одговорија: „Еден Египќанец нѐ одбрани од овчарите, дури ни извади вода и ни ги напои овците.“

20А тој им рече на своите ќерки: „Па, каде е тој? Зошто сте го оставиле така тој човек? Поканете го да јаде со нас!“

21И Мојсеј реши да живее кај тој човек, а тој му ја даде на Мојсеј за жена својата ќерка Ципора.

22И таа роди син, и му стави име Герешом: „Бидејќи сум — рече — доселеник во туѓа земја.“

23А по многу време, умре египетскиот цар. А синовите израелски уште офкаа од маките и викаа; и пискотот нивни од тешките маки дојде до Бога.

24И Бог го чу офкањето нивно, и се сети Бог на заветот Свој со Авраам, Исак и Јаков.

25И Бог погледна на синовите израелски, и се смили над нив.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>