Излез 20:1-26 MKDB2006 - Bible AI

1Тогаш Бог ги кажа сите овие зборови, велејќи:

2„Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата египетска, од домот на ропството.

3Немој да имаш други богови освен Мене!

4Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата;

5немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, бидејќи Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено, ако тие Ме мразат;

6Кој покажува милост на илјадници поколенија, што Ме сакаат и ги чуваат Моите заповеди.

7Не изговарај го напразно името на Господ, твојот Бог, бидејќи Господ нема да го остави неказнет оној, кој напразно ќе го изговори Неговото име.

8Помни го саботниот ден, за да го празнуваш.

9Шест дена работи, и врши ги во нив сите свои работи;

10а седмиот ден е сабота Господова, ден на твојот Бог; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни добитокот твој, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе.

11Зашто за шест дена ги создаде Господ небото и земјата, морето и сѐ што е во нив; а во седмиот ден си от­почина: заради тоа Господ го бла­го­слови седмиот ден и го освети.

12Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да поживееш подолго на земјата, што ти ја дава Господ, твојот Бог.

13Не убивај!

14Не врши прељуба!

15Не кради!

16Не сведочи лажно против својот ближен!

17Не пожелувај го домот на ближниот свој, не пожелувај ја жената на ближниот свој, ни слугата негов, ни слугинката негова, ни волот негов, ни магарето негово, ниту нешто друго, што му припаѓа на ближниот твој!“

18И сиот народ ги гледаше молњите и пламенот, и гласот на трубата што тру­беше и ја гледаше гората што се ди­меше; и откако го виде тоа, народот се уплаши и се оддалечи.

19Па му рекоа на Мојсеј: „Зборувај ни ти, а ние ќе слушаме; но да не ни зборува нам Бог, за да не умреме.“

20А Мојсеј му рече на народот: „Не плашете се: Бог дојде за да ве испита и стравот Негов да биде во вас, за да не грешите.“

21И народот стоеше подалеку, а Мој­сеј појде кон мракот, каде што беше Бог.

22И Господ му рече на Мојсеј: „Вака кажи им на синовите израелски: ‚Вие видовте како Јас зборував со вас од небото.‘

23Не правете си сами сребрени бо­гови, ниту златни богови не правете сами за себе.

24Направете ми жртвеник од земја и на него принесувајте ми жртви сепаленици и жртви спасителни; овци и јунци ваши, на секое место, каде што ќе определам да се спомнува името Мое, ќе дојдам кај тебе и ќе те благословам.

25Ако ми направиш жртвеник од ка­мен, немој да го ѕидаш со делкан камен; зашто, штом ќе повлечеш по него со сечиво, ќе го оскверниш.

26И да не се качуваш по скали до жртвеникот Мој, за да не се открие голотијата твоја.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>