Излез 22:1-30 MKDB2006 - Bible AI

1„Ако се фати крадец, како пробива ѕид и го удрат така, што тој умре, тоа не се смета за убиство.

2Но, ако сонцето веќе се појавило над него, тогаш да се бара крвнина. А крадецот штетата мора да ја надомести. А, ако нема ништо, тогаш тој да биде продаден и да се надомести украденото.

3Ако кај фатениот се најде она, што го украл, живо, било вол, магаре или овца, да го врати двојно.

4Ако некој уништи нива, или лозје, пуштајќи го добитокот свој да пасе во туѓа нива, да надомести со најдоброто од својата нива и најдоброто од своето лозје.

5Ако се појави оган, па тој го зафати трњето, и се запалат снопјето, или ож­ниеното, или нивата, оној, кој го предизвикал пожарот, да плати.

6Кога некој му даде на ближниот свој сребро или предмети на чување, и тие бидат украдени од неговиот дом, крадецот, ако се фати, нека плати двојно;

7ако, пак, крадецот не се фати, тогаш сопственикот на куќата нека се јави пред Бога, па нека се заколне дека тој не посегнал врз имотот на својот бли­жен.

8За секој спорен предмет: за вол, ма­гаре, овца, облека, за секој изгубен предмет, за кој некој тврди дека е негов, нивниот спор треба да дојде пред Бога: па кого ќе го осуди Бог, тој нека му плати на ближниот двојно.

9Ако некој му даде на чување на ближниот свој магаре, или вол, или овца, или некој друг добиток, и тој добиток пцовиса, или се повреди, или, пак, биде откраднат, а никој тоа не го види,

10тогаш меѓу нив нека одлучи клетвата пред Господ дека оној не посегнал врз имотот на својот ближен, и ако сопственикот така го прими, не се надоместува;

11ако, пак, му биде украден, тогаш нека му плати на сопственикот негов.

12А ако е изеден од ѕверка, да донесе доказ за тоа и да не плаќа ништо.

13Ако некој од ближниот свој добие на услуга добиток, па тој биде повреден или пцовиса, а сопственикот не бил со него, ќе мора да се плати;

14но, ако сопственикот бил со него, да не се плаќа. Ако, пак, бил земен под наем, да се плати само наемот.

15Кој измамил несвршена девојка, и биде со неа, да ја дарува и да ја земе за жена;

16а ако таткото нејзин одбие да му ја даде, да одмери сребро на татко ѝ колку што следува за мираз на девојката.

17Вражарка да не оставате жива.

18Кој ќе легне со добиток, со смрт да се казни.

19Кој принесува жртва на други богови, освен на Единиот Господ, со смрт да се истреби.

20Доселеник немој да притеснуваш, ниту да го угнетуваш, зашто и вие бевте доселеници во земјата египетска.

21Не притеснувајте, ни вдовици, ни сираци;

22ако ги притесниш и тие повикаат кон Мене, ќе го чујам нивниот лелек,

23и ќе се распали гневот Мој, па со меч ќе ве убијам, и вашите жени ќе останат вдовици, а вашите деца — си­раци.

24Кога на заем ќе дадеш пари на некој сиромашен од народот Мој, не присилувај го и не наложувај му лихва.

25Ако ја земеш во залог облеката од ближниот твој, врати му ја до зајди­сонце;

26бидејќи таа му е единствена покривка, облека што го чува телото негово: со што ќе спие тој? И кога ќе повика кон Мене, Јас ќе го чујам, бидејќи сум милостив.

27Не проколнувај Го Господа, ни за старешината на твојот народ не зборувај лошо.

28Не воздржувај се да ги принесеш првите плодови од жетвата и лозјето; давај Ми го првородениот од синовите твои.

29Така прави, и со крупниот, и со ситниот твој добиток; седум дена нека бидат кај својата мајка, а во осмиот ден дај Ми ги Мене.

30И ќе Ми бидете свет народ. Затоа и месо од растргнато животно да не јадете; фрлај им го на кучињата.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>