Излез 24:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1И Бог му рече на Мојсеј: „Качете се кај Господ ти и Арон, Надав и Авиу и седумдесет старешини израелски и поклонете Му се оддалеку;

2и да пристапи Мојсеј сам до Господ, но тие, да не пристапуваат, и народот со нив да не се искачува.“

3Дојде Мојсеј и му ги повтори на народот сите зборови Божји и сите заповеди. И сиот народ одговори во еден глас, и рече: „Сите наредби што ги кажал Гос­­под, ќе ги извршуваме.“

4И ги напиша Мојсеј сите зборови Господови, па станувајќи утредента рано, подигна жртвеник под гората, и дванаесет столбови за дванаесетте изра­елски колена,

5и прати момчиња од синовите изра­елски, и тие принесоа жртви сепаленици и заклаа телиња за жртва за мир на Господ.

6Потоа Мојсеј зеде половина од крвта и ја налеа во чаша, а другата половина од крвта ја изли на жртвеникот;

7па ја зеде книгата на заветот и му ја прочита гласно на народот, а тие рекоа: „Сѐ, што рекол Господ, ќе правиме и ќе бидеме послушни.“

8Тогаш Мојсеј ја зеде крвта, и го по­прска со неа народот, велејќи: „Ова е крвта на заветот, кој го воспостави Господ со вас за сите овие зборови.“

9Потоа Мојсеј и Арон, Надав и Авиу, и седумдесетте старешини израелски се искачија горе

10и Го видоа Бога израелски; а под­ножјето Негово како да беше од камен сафир, со сјај како сводот небески по чистота.

11И Тој не повреди никој од избра­ните меѓу синовите на Израел: тие Го видоа Бога, па јадеа и пиеја.

12И Господ му рече на Мојсеј: „Качи се кај Мене на планината и остани тука; ќе ти дадам камени плочи со закон и заповеди, што ги напишав за да им бидат закон.“

13Тогаш стана Мојсеј со Исус, него­виот помошник, и се искачи Мојсеј на планината Божја,

14а на старешините им рече: „Поче­кајте тука додека се вратиме кај вас; а, ете, Арон и Ор се со вас, па, ако има некој нешто за судење, нека оди кај нив.“

15И се искачи Мојсеј на планината, и облак ја покри планината,

16и беше славата Господова на Синај­ската Планина; и облак ја покриваше шест дена; а во седмиот ден го повика Мојсеј од облакот.

17А славата Господова се гледаше како оган што гори на врвот од планината пред синовите израелски.

18И Мојсеј влезе среде облакот и се качи на планината; и остана таму Мој­сеј четириесет дена и четириесет ноќи.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>