2ⓞ„Кажи им на синовите на Израел да Ми соберат прилози: земете прилог кој од драго срце Ми дава.
3А прилогот што ќе го земете од нив да биде: злато, сребро и бакар;
4ⓟволна сина, црвена и светлоцрвена, лен и козина;
5ⓠи црвени овнешки кожи, фини кожи и дрвја од шитим;
6ⓡмасло за светење, и мириси за маслото за помазание и за мирисно кадило;
7ⓢкамења оникс и камења за украсување на ефодот и наградникот.
8ⓣДа Ми направите светилиште, од каде што ќе ви се јавувам вам.
9ⓤСѐ, како што ќе ти покажам Јас на планината: и образецот на скинијата, и образецот на сите предмети во неа — така да направите.
10ⓥНаправете ковчег од дрвото шитим, во должина од два и пол лакта, а во ширина еден и пол лакот, и во висина еден и пол лакот;
11и опкови го со чисто злато: опкови го однатре и однадвор; направи му златен венец околу врвот;
12и излиј за него четири алки од злато, и постави ги на четирите негови долни агли: две алки од едната страна и две алки од другата страна.
13Направи од дрвото шитим лостови, и опкови ги со злато,
14ⓦи провлечи ги лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да се носи на нив ковчегот;
15ⓧлостовите во алките на ковчегот нека стојат, да не се вадат од нив.
16ⓨА во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам.
17ⓩНаправи исто така и чистилиште: капак од чисто злато, долго два и пол лакта, а широко еден и пол лакот.
18ⓐИ направи два херувима од злато, ковани направи ги и постави ги на двата краја од капакот;
19направи херувими: еден од едната страна, а друг од другата страна на капакот; направи ги херувимите на обете страни од чистилиштето.
20ⓑХерувимите да бидат со крилата угоре, та со крилата да го засолнуваат капакот, а со лицата свртени еден спроти друг; лицата на херувимите нека бидат свртени кон чистилиштето.
21ⓒИ стави го капакот одозгора врз ковчегот, а во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам Јас:
22ⓓи тука, над капакот, меѓу двата херувима, кои ќе бидат над ковчегот на заветот, ќе ти се јавувам тебе и оттаму ќе ти зборувам тебе и за сѐ ќе им заповедам преку тебе на синовите израелски.
23ⓔНаправи и маса од дрвото шитим: долга два лакта, а широка еден лакот, висината да ѝ е лакот и половина.
24И опкови ја со чисто злато, а направи и златен венец околу неа;
25и направи ѝ наоколу страници една дланка широки со венец наоколу;
26а направи за неа и четири алки од злато, и прицврсти ги алките на четирите агли од нејзините четири нозе;
27на страниците нека има алки, за да можат во нив да се стават лостови, па трпезата со нив да се подигнува;
28направи ги лостовите од дрвото шитим и опкови ги со злато; и со нив ќе се крева трпезата.
29ⓕНаправи за неа чинии, кадилници, чаши и црпки, со кои ќе се врши преливање; а ќе ги направиш од чисто злато.
30ⓖНа трпезата поставувај ги секогаш лебовите принесени пред Мене.
31ⓗИ направи светилник од чисто злато; светилникот нека биде кован; неговиот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови — сите тие од него да излегуваат;
32шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот;
33три чашки во облик на бадемов цвет, со јаболче и цветови нека има едната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот,
34а на самиот светилник нека има четири чашки во вид на бадемов цвет, со јаболкца и цветови;
35едно јаболче под две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки — така под шесте гранки што излегуваат од светилникот.
36ⓘЈаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде кован од чисто злато.
37ⓙИ направи му седум кандила, и стави ги кандилата негови да светат од предната негова страна;
38а и штипките и пепеларките за нив нека бидат од чисто злато;
39од еден кикар чисто злато да направиш свеќник, со сиот негов прибор.
40ⓚИ гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на планината.“