Излез 28:1-43 MKDB2006 - Bible AI

1„А ти земи го кај себе Арон, братот твој, со синовите негови, за да Ми бидат свештеници: Арон, Надав, Авиу, Елеазар и Итамар, синови Аро­нови.

2И направи му свети одежди на Арон, братот твој, за чест и слава.

3И кажи им на сите надарени со ум, кои сум ги исполнил со дух на мудрост, да му направат на Арон одежди, за негово посветување, за да Ми биде свештеник.

4А ова се одеждите што треба да ги направат: наградник, ефод[5], наметка, везен хитон[6], кидар[7] и појас. Нека направат свети одежди за Арон, и за синовите негови, за да Ми бидат свеш­теници.

5Затоа нека земат злато и сина, пурпурна и црвена волна и чист лен.

6Па нека направат ефод од злато и од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан чист лен — уметничка изработка.

7На него два нарамника нека има, кои се врзуваат на двата краја, за да се држат заедно.

8И појасот на ефодот, што е одозгора, нека биде иста изработка: од злато, од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен.

9И земи два камена оникс, и изрежи ги на нив имињата на синовите Изра­елови:

10шест имиња нивни — на едниот ка­мен, а другите шест имиња — на вториот камен, според редоследот на нивното раѓање;

11со помош на каменорезец, како гра­вура врз печат, ќе ги изрежеш на тие два камена имињата на синовите Из­раелови.

12Тие два камена потоа стави ги на нарамниците од ефодот, како камења за спомен на синовите Израелови: и Арон ќе ги носи имињата на синовите на Израел пред Господ на обете рамења за нивни спомен.

13Направи и две копчиња од злато,

14потоа две веришки од чисто злато; направи ги како усукани врвци, па за­качи ги плетените веришки за коп­чи­њата.

15И градник судиски направи — уметничка работа; направи го како по составот на ефодот: од злато, од пурпурна, сина и црвена волна и од пресукан лен направи го;

16четириаголен да биде, двоен, педа долг и педа широк;

17нареди по него во четири реда ска­поцени камења. Во првиот ред: рубин, топаз и смарагд,

18во вториот ред: антракс, сафир и елмаз;

19во третиот ред: опал, ахат и аме­тист;

20во четвртиот ред: хризолит, оникс и јаспис. Тие треба да бидат поставени во златни рамки.

21Тие камења со имињата на сино­вите Израелови треба да бидат дванаесет, според имињата нивни: нека бидат врежани како печат, со по едно име од бројот на дванаесетте племиња.

22И на наградникот стави виени веришки, исплетени од чисто злато.

23Направи и две златни алчиња за наградникот, и двете алчиња прицврсти ги за двата краја на наградникот,

24па провлечи ги двете златни ве­ришки низ двете алчиња за краевите од наградникот,

25а другите два краја од двете веришки закачи ги за двете копчиња и стави ги на нарамниците од ефодот, од предната страна.

26Направи и уште други две алчиња златни, па стави ги на другите два краја од наградникот, од внатрешната страна на ефодот;

27а направи и две златни алчиња, и прицврсти ги за двата нарамника на ефодот, одоздола, од неговата предна страна, каде што се соединува, над појасот.

28Потоа алчињата на наградникот нека се врзат за алчињата на ефодот со сина врвка плетена од волна, та да не се одделува наградникот од ефодот, туку да стои на појасот од ефодот,

29А Арон ќе ги носи имињата на синовите Израелови преку наградникот судиски, над срцето свое, кога ќе влегува во светилиштето, за спомен пред Бога.

30А во наградникот судиски стави ги урим и тумим; и тие ќе бидат над срцето Ароново, кога влегува пред Господ; а Арон секогаш ќе го носи над срцето свое судот на синовите Израелови пред Господ.

31Направи и наметка кон ефодот, целата сина;

32одозгора во средината нека има прорез за главата; и нека биде работ на прорезот наоколу опшиен со ткаен ширит, како што се опшива отворот на оклоп, така што наметката да не се реси;

33и по полите нејзини направи топ­ченца од сина, пурпурна и црвена волна, а наоколу, меѓу нив, и златни ѕвончиња:

34златно ѕвонче па топче, златно ѕвонче па топче по полите на наметката насекаде наоколу.

35Неа ќе ја носи Арон, кога ќе служи, за да се слуша гласот од неа кога ќе влегува во светилиштето пред лицето на Господ, а и кога излегува, та да не умре.

36А направи и плочка од чисто злато, и на неа изрежи како на печат ‚Светиња Господова‘,

37и да ја врзеш со сина врвца за кидарот, така што да стои од предната страна на кидарот.

38И ќе биде на челото Ароново, та Арон на себе да ги презема гревовите на приносите, што ги посветуваат синовите израелски, и на сите дарови, што му ги принесуваат тие; и така, таа нека биде секогаш на неговото чело, за да бидат тие секогаш примени од Господ.

39Направи и хитон од лен, и кидар од лен; а појасот направи го везен.

40И на синовите Аронови направи им хитони, направи и појаси, и превивки за главата направи им, за чест и слава.

41Во тоа облечи го Арон, братот твој, и синовите негови со него; помажи ги, исполни им ги рацете, и освети ги, за да ми бидат свештеници.

42А направи им и долна облека од лен, да се покрие голотијата од телото нивно, од крстот до бедрата;

43и да ги носи Арон, и синовите негови, кога влегуваат во скинијата, или кога пристапуваат кон жртвеникот за служба во светилиштето, за да не навлечат грев и не умрат. Тоа нека биде вечен закон за него и за потомството негово по него.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>