Излез 30:1-38 MKDB2006 - Bible AI

1„Направи и жртвеник за кадење, од дрвото шитим направи го:

2должината нека му биде лакот, а ширината лакот, четвороаголен да би­де, и два лакта висок; од него нека изле­гуваат роговите негови;

3позлати го со чисто злато одозгора, од страните наоколу, и роговите негови; направи му златен венец наоколу;

4под венецот на двата агли негови направи и две алки од злато; од двете страни направи ги; низ нив проври лостови, за да може да се носи жртве­никот;

5лостовите направи ги од дрвото ши­тим, и опкови ги со злато.

6Па стави го пред завесата, која виси пред ковчегот на заветот, спрема капакот што е врз ковчегот на заветот, од каде што ќе ти се јавувам тебе.

7А Арон нека кади на него со кадиво со пријатна миризба; нека кади над него, секое утро, кога ги приготвува кандилата.

8И кога ќе ги пали Арон кандилата навечер, нека кади над него; нека има постојано кадење пред Господ во поко­ленијата ваши.

9Не принесувај над него никакво друго кадиво, ни сепаленици, ниту принос од леб, ни преливање не изливајте над него.

10Арон еднаш во годината нека врши очистување над роговите негови; со крв од жртва за очистување на гревовите нека се врши очистување еднаш годиш­но во поколенијата ваши, зашто тоа е голема светиња пред Господ.“

11И уште му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

12„Кога ќе ги пребројуваш синовите на Израел, при вршење преглед, секој нека даде на Господ откуп за душата своја, при нивното пребројување, и нема да има меѓу нив погубно уништување за време на пребројувањето;

13оние што ќе доаѓаат за пребројување нека даваат по половина шекел, свештен шекел: во тој шекел има дваесет гери; а половината шекел е принос на Господ.

14Сите што доаѓаат на пребројување, а имаат по дваесет години и нагоре, треба да даваат принос на Господ.

15Богатиот да не дава повеќе, а сиромавиот да не дава помалку од половина шекел, кога давате принос на Господ за откуп на душите ваши.

16А, откако ќе го собереш откупеното сребро од синовите на Израел, употребувај го за служење во скинијата. Тоа ќе им биде на синовите на Израел спомен пред Господ, за откуп на душите ваши!“

17И уште му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

18„Направи и мијалник од бакар за миење и подножјето негово нека е од бакар; постави го меѓу скинијата и жрт­веникот и налеј вода во него;

19и Арон и синовите негови од него нека ги мијат рацете свои и нозете свои;

20кога влегуваат во скинијата, нека се мијат со вода, за да не умрат; или кога пристапуваат кон жртвеникот, да Му служат и да Му принесуваат на Господ жртва;

21тогаш нека ги мијат рацете свои и нозете свои, за да не умрат. Тоа нека им биде наредба вечна, нему и на потомството негово по него.“

22Му рече Господ уште на Мојсеј, ве­лејќи:

23„Земи мириси најубави: смирна чиста — петстотини шекели, миризлив цимет половина од тоа — двесте и педесет, и трстика миризлива — исто така двесте и педесет,

24касија — петстотини шекели, според свештениот шекел, и маслиново масло еден ин;

25и од тоа направи масло — миро за свето помазание; мирото за свето пома­зание да биде направено со умешноста на мироварец; тоа нека биде миро за свето помазание.

26Со него помажи ја скинијата на со­бранието и ковчегот на заветот

27и трпезата и сиот нејзин прибор, и светилникот и сите делови негови, и жртвеникот за кадење;

28и жртвеникот, на кој се принесува жртва сепаленица, и сиот негов прибор, и мијалникот и подножјето негово.

29Така ќе ги осветиш, па ќе станат голема светиња и сѐ што ќе се допре до нив, ќе се освети.

30Помажи го и Арон и синовите него­ви, и посвети ги, за да Ми бидат свеш­теници.

31А на синовите израелски кажи им: ова масло за помазание нека Ми биде миро за свето помазание за сите поко­ленија ваши.

32Телото на обичен човек нека не се помажува со него, и не правете за себе такво миро какво што е ова. Тоа е све­тиња и нека остане светиња за вас.

33Ако некој направи такво миро, или помаже друг со него, нека биде истре­бен од народот свој.“

34И му рече Господ на Мојсеј: „Земи благопријатни мириси: стакта, оникс, халван миризлив, и чист темјан, од сите работи во еднакви делови,

35и од нив направи кадиво, миро ва­рено, со умешноста на мироварец, чи­с­то и свето.

36Па, откако ќе го истолчиш ситно, ставај од него во скинијата пред ков­чегот на заветот, каде што ќе ти се јавувам; тоа нека ви биде голема светост.

37А такво кадиво, какво што ќе го направиш, немојте да правите за себе; тоа нека ви биде светост пред Господ.

38А, ако некој го направи тоа, за да кади со него, нека биде истребен од народот свој.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>